Николоски: Повисоки плати обезбедени за над 72% од вработените во јавниот сектор

За над 92000 лица вработени во јавниот сектор или 72% од вработените во овој сектор има обезбедено зголемување на платите во оваа година и тоа во време на криза во која сите живеме .

За над 92000 лица вработени во јавниот сектор или 72% од вработените во овој сектор има обезбедено зголемување на платите во оваа година и тоа во време на криза во која сите живеме и се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини и мерки. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска во Собранието, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.

-Владата на Македонија сериозно се грижи за стандардот и на граѓаните на Македонија и на сите лица вработените во јавниот сектор. Тоа се потврди во неколку наврати. Имено, пред неколку месеци се донесе Закнот за минимална плата, со кој над 17000, односно поточно 17245 вработени во јавниот сектор добија зголемување до минималната плата. Значи оние што имаа 15.200 денари плата стигнаа до 18.000 денари плата и останатите. Во меѓувреме се договрија уште неколку зголемувања на плати во одредени сегменти, односно сектори, кои опфаќаат голем број вработени лица во јавниот сектор. Најпрво во делот на обраозванието, каде се опфаќаат над 37000 вработени се потврди и се обезбедија средства, од септември да добијат зголемување на платата за 15% . Понатаму во делот на Министерството за внатрешни работи за 12000 вработените лица има обезбедено средства за зголемување на плати за 5%. Во делот на културата каде што се опфатени над 3500 вработени има зголемувања на платоте за 30%. Во делот на судството каде што има вработено над 2600 лица, има зголемување на платите за 15%, вработените во здравството, кај кои веќе неколку години по ред има зголемување на плати за 15% и 20% и оваа година има зголемување од 5%. Тука се опфатени над 20000 лица, истакна заменик-министерот Николоски.

Тој потенцира дека сите овие над 92000 вработени лица во јавниот сектор, односно над 72% од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата, додека за останатите лица од јавниот сектор, за кои не е обезбедено или не е договорено зголемување на плата, се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, каде што одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија кои имаат и сопствени буџети, но познато е и на какво ниво се платите во тие сектори.

За останатите 1000 вработени, до вкупната бројка 131 илајда враобтени во јавниот сектор, како што рече заменик-министерот, се оние кои се вработени во регулаторните тела и централната банка, каде имаат сериозно високи плати.

Николоски потенцира дека Владата на Македонија се грижи за вработените лица во јавниот сектор и посочи дека на локално ниво каде има 6000 вработени потребна е консолидација пред да се пристапи кон зголемување на плати, бидејќи најголем дел од општините работат со негативни финансиски резултати и повторно на крајот на денот тие се на товар на буџето,се наведува восоопштението на МФ.

Ноќ на вештерките: Не можеле да поверуваат што гледаат во дворот на соседот (ВИДЕО)

Едно американско семејство кое прави реквизити одлучиле да ја реинкарнираат легендарната сцена од серијата Stranger Things кога Макс лебди над гробишта за Ноќта на вештерките.

Но изгледа тоа не му се допаднало на нивниот сосед, кој бара да се отстрани инсталацијата, пишува Полигон.

Видеото од оваа сцена, кое тие го споделија на нивниот TikTok, собра 14,5 милиони прегледи и многу лајкови, а луѓето најмногу ги интересирало како успеале да го подигнат.

@horrorprops ♬ Stranger Things - Kyle Dixon & Michael Stein

Оваа инсталација привлече многумина, па корисниците на TikTok и обожавателите на Ноќта на вештерките споделија видеа. Сцената секако привлекува внимание бидејќи нема видливи жици или потпори и изгледа реално.

Семејството Епл соопшти дека им биле потребни 1.500 часа за да го реинкарнираат сетот Upside Down во нивниот двор, а користеле различни материјали за верно да ја прикажат сцената, како и да го украсат остатокот од дворот. Освен Макс, во дворот се и Alien, Predator и Pennywise.

Изложбата ја отвориле за јавноста за да ја затворат два дена подоцна бидејќи добиле критики и обвинувања од соседите дека „привлекуваат негативно внимание кон соседството и ги загрозуваат децата“.

Двојката пред два дена се огласи на својот Фејсбук и кажа дека планирале да ги отстранат реквизитите, но дека поради огромната поддршка што ја добиле, моментално паузираат и преговараат со полицијата и останатиот дел од населбата да ја задржат инсталацијата.

@horrorprops Tell me you like Stranger Things without telling me you like Stranger Things... I'll go first #halloweendiydecor #spookytok #strangerthings #vecnacurse #halloweenprops #horrorprops #halloweendiy #diyproject #upsidedown #halloween2022 #fyp ♬ Running Up That Hill (A Deal With God) - Kate Bush

„Нема да дозволиме еден луд сосед да им ја уништи забавата на неверојатните семејства и обожавателите на Stranger Things кои не посетија.“

Во САД се појави нов сериски убиец, понудени се 125.000 долари за информација

Полицијата во американскиот град Стоктон поврзала седум престрелки - шест фатални - со можен сериски убиец од Калифорнија, кој сè уште е во бегство.

Официјалните лица потврдиле дека бранот навидум случајни убиства започнал во април минатата година - повеќе од една година порано отколку што претходно се верувало - и предупредија дека може да има повеќе жртви.

Полицијата ги поврзала сите седум престрелки користејќи балистички докази и ги проверувале со националната база на податоци, како и видео-снимка од некои од местата на злосторството. „Значи, како што истрагата продолжува, дефинитивно постои можност да има повеќе“, изјавил портпаролот на полицијата во Стоктон, Џо Силва за NPR.

Тим детективи ги истражува постарите убиства за можни врски со неодамнешниот бран на насилство. Полицискиот оддел ги повикал и другите локални станици да ги разгледаат сопствените случаи и да откријат можни врски.

Минатата недела властите рекоа дека сериски убиец можеби е одговорен за неодамнешните престрелки што ги потресоа жителите на Стоктон, што се случија помеѓу 8 јули и 27 септември. Исто така, било објавено дека сите жртви се мажи од градот. Но, новите информации укажуваат дека и 40-годишниот Хиспанец кој бил смртно застрелан на 10 април 2021 година во Оукленд е поврзан со неодамнешните престрелки.

Тоа би било прво во оваа серија убиства надвор од Стоктон.

Покрај тоа, полицијата го поврзала осомничениот со ранувањето на 46-годишна црнка во Стоктон на 16 април 2021 година. За разлика од другите жртви, таа е единствената која ги преживеала повредите и единствената жена која била цел. „Нашите детективи работеа со неа за да дознаеме колку што можеме“, рече Силва, истакнувајќи дека е можно повеќе од еден сторител да е вмешан во низата убиства.

„Таа го опиша својот напаѓач како човек од непозната раса, тенок и висок од 177 до 182 см“, рече Силва. На денот на нападот, тој носел темна тренерка со навлечена качулка преку главата, темни панталони и црна маска. „Чудно е што работиме деноноќно и добиваме многу повици, но во моментов немаме никакви корисни информации“, додаде Силва.

Полицијата во Стоктон работи со неколку локални и федерални агенции за да ги идентификува и фати сторителите, вклучително и ФБИ, Калифорниската сообраќајна патрола, неколку локални одделенија на шерифот и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви.

Пет жртви кои биле убиени во последните месеци се идентификувани од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Сан Хоакин: Пол Јав, 35, кој бил убиен на 8 јули; Салвадор Дебиди Џуниор (43), кој почина на 11 август; Џонатан Хернандез Родригез (21), кој починал на 30 август; Хуан Круз (52), жртва на 21 септември; и Лоренс Лопез (54), кој е убиен на 27 септември.

По прегледувањето на повеќечасовната видео снимка, инспекторите веруваат дека пронашле „лице од интерес“, се вели во соопштението, вклучувајќи зрнеста фотографија од неидентификувано лице облечено во темна маичка со качулка и темни панталони. Во вторникот, официјалните лица објавија кратко видео од истото лице чие лице не се гледа.

Во секој случај, вклучително и инцидентот во Оукленд и нападот врз жената минатата година, Силва рече дека сите жртви биле надвор доцна во ноќта или рано наутро, сами и во слабо осветлени области. „Тогаш им беше поставена заседа“, рече Силва. Ниту еден од случаите не се однесувал на грабеж, ниту се верува дека се поврзани со организирани банди.

Полицијата ги повикува граѓаните да се обратат во полиција со информации поврзани со убиствата. Од вторникот, е понудена награда од 125.000 американски долари за информација што ќе доведе до апсење.

Лукашенко: Ги забранувам сите поскапувања. Забрането!

Белорускиот лидер Александар Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја.

„Од 6 октомври се забранува секое поскапување. Забрането!“ рече тој на владиниот состанок, според државната новинска агенција Белта.

„Не од утре, туку од денеска“, додаде тој.

Целта на таа наредба е да се осигура дека никој не може да го искористи рокот за покачување на цените, рече 68-годишниот претседател.

Оние кои ќе го прекршат декретот „ќе бидат веднаш уапсени и кривично гонети“, рече тој.

Лукашенко не ја отфрли целосно можноста во иднина да биде неопходно зголемување на цените во некои области, доколку тие бидат официјално одобрени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во Белорусија во август била 17,9 отсто во однос на истиот месец лани.

Особено се зголемиле цените на храната. Според предвидувањата на белоруските економски експерти, стапката на инфлација би можела да се искачи на 19 отсто до крајот на годината.

притисни ентер