Николоски: Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев, мора да има соочување со народот.

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, влада која донесе економско опустошување, континуирана ситуација на дневно поскапување, губење на работни места и економско тонење, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за избор на нова влада, при што додаде дека со оваа влада корупцијата цвета и воедно ни носи национално понижување.

- На неодамнешните избори јасно беше кажано од Заев дека се „all in" и избори на кои се одлучува за легимитетот негов, неговата влада и партија и народот жестоко го казни. Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Затоа Зоран Зоран заминува, но немаше храброст да ја извади својата партија на соочување со народот за генералниот концепт по кој државата треба да се движи. Скоро и да нема пример да вака вештачки се бега од народот, рече Николоски.

Тој истакна дека соочување со народот е потребно, народот треба да каже дали се согласува со овие политики.

- Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после 5 дена. Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Нивните политики не може магично да се сменат. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија, нагласи Николоски.

Тој додаде дека видовме како корупцијата продолжува цвета, и кога во криза се предлагаа мерки Заев единствено што направи беа два големи тендери во РЕК Битола во 4 очи од 25 милиони евра.

- Тој континуитет на корупција го продолжуваат истите кадри кои остануваат во оваа влада. Ова е влада која нема визија за економија, која не донесе странски инвеститори и нема визија како да го подигне стопанството, изјави Николоски.

Николоски се обрати кон помалите политички партии кои ја поддржуваат оваа влада како ДОМ, ЛДП, НП, ДС и посочи дека зошто ја поддржуваат одговорот е или се уценети или се криминализирани па немаат избор.

- Ваквото понижување кое на себе си го правите нема друго образложение. Затоа ве поттикнувам сами да излезете на следни избори да видите што мисли народот за вас затоа што поддржувате ваква влада и вакви политики, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека ова е влада која 4 години лаже за почеток на преговори и процесот на евроинтеграција го злоупотреби како ниедна друга земја.

- Викаа ќе имало датум во декември, па во јануари. Во декември датум немаше, а јас лично ви кажав дека во јануари може да има датум за скијање и тоа се случи. Да така безобразно се лаже македонската јавност е врв на поигрување и потценување со националните интереси.

Оваа влада нема решенија за битката со корупцијата, економската и енергетската криза и европските интеграции. Затоа единствено решение за брзи предвремени избори. сето останато е бегање од народот. Следува пеколен период на соочување со гневот на народот. Промените доаѓаат и ќе се случат побрзо отколку што мислите. Нема да ја поддржиме оваа влада, а следниот период да се гледаме и во институциите, но и надвор на улиците и заеднички да стигнеме до предвремени парламентарни избори кои ќе значат промени во Македонија, рече Николоски.

Макрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за Путин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера дека земјите-членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин да Самитот на групата во Бразил во ноември.

- Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва.

Бразил, актуелниот претседавач со групата Г20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина, тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната.

Путин не присуствуваше на минатогодишниот Самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во септември 2023 година, Лула изјави „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на Самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа, тој се обрати и изјави дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада./МИА

Украина: Соборени 84 од 99 руски беспилотни летала и проектили, оштетени три термоелектрани

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Руски беспилотни летала и проектили синоќа гаѓаа електрани во источна и централна Украина, изјави денеска украинскиот министер за енергетика, а воздухопловните сили на земјата соопштија дека Русите истрелале 99 дронови и проектили на украинска територија, од кои успеале да уништат 84.

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Варшава објави дека го засилила надзорот на полскиот воздушен простор поради зголемената воздушна активност.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека уништиле вкупно 84 истрелани руски ракети, од кои 58 биле беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство и 26 ракети.

Украинската енергетска компанија ДТЕК соопшти дека во синоќешните руски удари биле оштетени три украински термоцентрали.

Како што е наведено утрово, опремата на трите централи била тешко оштетена, а по нападот веднаш започнало отстранувањето на штетите.

Министерот за енергетика Герман Галушченко изјави дека во „силен напад“ ноќеска нападите биле насочени кон енергетските постројки во регионите Днепропетровск, Полтава и Черкас.

Гувернерот на областа Днепропетровск, Сергиј Лисак, изјави дека во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана собориле десет беспилотни летала над областа во регионите Павлоград, Криви Рог, Дњепар и Кајански.

Тој рече дека над Дњепар биле уништени четири проектили, дека се оштетени неколку електрани, а еден човек е повреден.

„Во Камјанск беше погодена земјоделска задруга, а пет лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба. Меѓу повредените има и петгодишно дете“, изјави гувернерот.

Вооружените сили на Полска објавија дека нејзините воени авиони биле подигнати за да го надгледуваат воздушниот простор како одговор на истреланите руски ракети во западна Украина.

Варшава во неделата објави дека руска крстосувачка ракета истрелана во правец на градовите во западна Украина навлегла во полскиот воздушен простор низ кој летала 39 секунди. /МИА

Полицијата изрече 207 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 207 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираат од МВР.

Тие најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

притисни ентер