Од пакетот кој е со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка. Законот за Судски совет пак како што информираше министерот за правда Филков, е подготвен и доставен на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР, а текстот на Изборниот законик, како што кажа, е подготвен од стручните служби во Министерството за правда и во согласност со препораките на ОДИХР.
Филков очекува да поминат и трите закони од реформската агенда за кои е потребно бадентерово мнозинство во парламентот и порача дека нивното носење не треба да се користи за дневно-политички поени.
Според препораките а ОДИХР, изборниот законик ќе опфати прецизирање на начинот на финансирање на партиите за време на кампања, а ќе предвиди и ограничување на донациите. Со новиот Кривичен законик се очекува да биде направено допрецизирање на одредени кривични дела, а дополнително се воведуваат нови кривични дела поврзани си економскиот криминал. Исто така, за семејно насилство ќе се презмаат мерки по службена должност.
Најголема промена во правосудниот систем, Филков очекува се случи со Законот за помилување во кој ќе биде укината аболицијата, односно помилување ќе може да се даде само врз основа на правосилна осудителна пресуда.
Од законите со рок до декември 2025 година, текстот за Законот за кривична постапка, како што кажа Филков, е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.