Николоски на Самитот на министри за финансии: Посветени сме на менаџирање со енергетската криза

„Посветени сме на менаџирање со енергетската криза и креирање политики за одржлив економски раст“.

Буџетот за 2023 година ќе биде во насока на менаџирање на енергетската криза и креирање политики кои ќе овозможат нашата економија да стане одржлива, модерна и посилна од претходно. Притоа, особено е важно водењето претпазливи домашни политики и изнаоѓање најприфатливи услови за финансирање на потребите на државата. Во фокусот ќе биде и борбата со сивата економија во новите околности што ги создава кризата на глобално ниво.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, на панел-дискусијата во рамки на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, што се одржува во Црна Гора, во организација на Сојузот на економисти на Србија.

Самитот оваа година се одржува по деветти пат под насловот „Финансиската и монетарната стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“.

– Со Буџетот за наредната година ќе се обезбедат средства за справување со енергетската криза, за капитални инвестиции кои ќе го поттикнат економскиот раст, како и за субвенции во земјоделството со цел поттикнување на домашното производство и очекуван позитивен ефект на цените на храната. Буџетскиот дефицит ќе биде понизок од годинашниот, а воедно, согласно Законот за буџети, ќе се воспостави Фискален совет кој треба да обезбеди независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, за фискалната стратегија, Буџетот, како и за фискалните ризици, истакна Николоски на панел-дискусијата „Стабилност на јавните финансии во нестабилно време“.

Во однос на финансирањето на буџетскиот дефицит во услови на зголемување на каматите на финансиските инструменти во светски рамки, Николоски нагласи дека се водат претпазливи домашни политики, при што се изнаоѓаат најприфатливи услови за финансирање на потребите на државата. Притоа, донесена е одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, односно НСВ обврзница во износ од 250 милиони евра, со каматна стапка од 3,75 отсто плус 6-месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс период.

– Инструментот со којшто се задолжува државата има пониска цена од онаа што би се постигнала со евентуалното издавање нова еврообврзница, при што овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавниот долг. Овој инструмент го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори, изјави Николоски.

Додаде дека за финансирање на проектираниот буџетски дефицит до крајот на годината се планира обезбедување средства од домашниот пазар и од ММФ, а согласно ребалансот на Буџетот за 2022 година.

На панел-дискусијата заедно со заменик-министерот за финансии, на теми поврзани со јавните финансии, говореа и министрите за финансии на Црна Гора, Александар Дамјановиќ и на Албанија Делина Ибрахимај, како и заменик-министерката за финансии на БиХ, Мирјана Вучиќ и регионалниот претставник на Канцеларијата на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле, информираа од Министерството за финансии.

Крокодил изел едногодишно дете - го извлекол од чамецот, татко му се обидел да го спаси (ВИДЕО)

Крокодил грабнал и изел едногодишно момче и тешко го повредил татко му додека веслале по река во Малезија.

Вчераутро ѕверот го грабнал малото момче од кану додека со татко му ловел риба во Сабах. Неговиот вознемирен татко (40) се обидел да го одбрани, но крокодилот лесно го совладал. Тој истрчал на брегот со повеќекратни рани од каснување, вклучително и ужасен удар во главата.

Селаните го извлекле членот на племето Палаух од реката, но крокодилот веќе го одвлекол неговиот син во длабочините. Подоцна се појавил на површината со осакатено тело на малото дете во вилиците пред да потоне назад во водата.

Сумсо Рашид, водачот на спасувачката екипа вели дека потрагата по телото се уште е во тек.

- Таткото се здоби со сериозни повреди на главата и телото. Неговиот син се уште е исчезнат, а потрагата е во тек. Мажот е префрлен на лекување во болницата Лахад Дату - рекол Рашид.

Кралската малезиска полиција и поморската полиција ѝ се придружиле на локалната противпожарна служба во потрагата по телото на момчето. Официјалните лица, исто така, ги предупредиле селаните кои живеат покрај реката да се држат подалеку од водата поради ризикот од нов напад на крокодилот.

- Многу жители се потпираат на реката за храна и егзистенција, па мораат да влезат во водата. Ги предупредивме на дополнителна опасност во овој момент и да бидат дополнително внимателни бидејќи крокодилот најверојатно се уште ќе биде во областа – додаде Рашид.

Едвард Сноуден добил руски пасош, откако ѝ се заколнал на верност на Русија

„Свиркачот“ Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013 година.

Веќе во септември оваа година, Сноуден доби руско државјанство со декрет потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Информацијата дека 39-годишниот кодош го добил пасошот денеска ја потврди и неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. „Тој положи заклетва“, изјави Кучерена и додаде дека Сноуден е среќен бидејќи неговото руско државјанство ја спречува неговата екстрадиција, пренесува Гардијан.

"Се разбира, тој е среќен и благодарен на Руската Федерација за неговото државјанство, тој сега е полноправен државјанин на Русија. И што е најважно, според рускиот устав, тој не може да биде предаден на странска земја", рече адвокатот на Сноуден. Не се објавени фотографии или видеа од церемонијата.

Поединците кои добиваат руско државјанство со закон се обврзуваат да „го почитуваат уставот и законодавството на Руската Федерација, правата и слободите на нејзините граѓани, да ги исполнуваат должностите на државјанин на Руската Федерација во корист на државата и општеството, да ја заштитат слободата и независноста на Руската Федерација,да бидат лојални на Русија и да ја почитуваат нејзината култура, историја и традиција“.

Одлуката за доделување државјанство дојде во крајно неповолен момент, по почетокот на руската инвазија на Украина и последователниот пад во меѓународна изолација. Очигледно и сопругата на Сноуден поднела барање за руско државјанство. Двајцата живеат на непозната локација со нивните два сина, кои се родени во Русија.

„После години разделба од нашите родители, јас и мојата сопруга немаме желба да се разделиме од нашите синови. По две години чекање и речиси 10 години егзил, малку стабилност значи многу за моето семејство. Барам приватност за нив и за сите нас“, напишал Сноуден во септември.

Левандовски е во одлична форма поради диетата од неговата сопруга

Роберт Левандовски во моментов е еден од најценетите напаѓачи во светот.

Откако го постигна својот прв гол на Светското првенство, многумина беа заинтригирани од неговата извонредна форма. А според Марка, тајната е во обратната диета дизајнирана од неговата сопруга.

Што е тоа? Овој режим има ригорозен избор на храна што може да се јаде, како и она што е целосно забрането.

Левандовски јаде просо, палачинки, брауни, висококвалитетна риба, сок од репка, салати, супи, урми, енергетски барови, свежи сокови и бадемово млеко. Покрај тоа, зеленчукот (брокула, тиквички, зелена салата, моркови и спанаќ) и авокадо се секојдневно на неговото мени без исклучок.

Јаглехидратите и протеините се јадат посебно. „Се консумира само добра храна, без лактоза“, вели Ана Левандовски.

Пржената храна не е во исхраната на Левандовски. Полјакот го ограничил и внесот на брза храна.

„Поентата е да се јаде најквалитетна храна од локално и органско производство, односно сезонско овошје и зеленчук. Избегнувам бел шеќер, сурово млеко и пченица“, открива сопругата на познатиот фудбалер, која учествуваше на Олимписките игри и е дипломиран студент на Академијата за физичка култура и нутриционистка.

притисни ентер