Николоски до Заев: Дали твоето семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави, народот чека одговор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 вечерва во Прилеп кажа дека токму во Прилеп ќе има победа, ќе има победа со седум илјади гласа разлика, ќе има победа во цела Македонија.

„Очекувам победа во цела Македонија, во 4 ИЕ, најголема победа во Прилеп затоа што знам дека од тука ќе почне победата на 15 јули ќе ги поразиме и нема да знаат што им се случило“, рече Николоски.

Ова што се случува во Прилеп во овие три години е слика за цела Македонија, а тоа е корупција, криминал, рече Николоски и посочи дека во Прилеп дојдоа две странски инвестиции и се откажаа кога дојде Заев.

Николоски рече дека Заев и СДСМ не направија ништо освен што го запреа патот од Градско до Прилеп, што ги излажаа и понижија тутунарите, и не го ценеа нивниот труд, а дозволија да им го откупуваат тутунот по ниски цени.

„Ние за пензионерите ќе донесеме подостоинствени пензионерски денови, за работниците нови инвестиции, да има сигурни работни места“, рече Николоски.

Николоски од Прилеп упати и неколку прашања до Заев.

„Со кој образ го чува за директор на Тутунскиот комбинат што зема три и пол илјади евра плата месечно, или пет и пол илјади евра бруто, а едно цело македонско семејство заработува толку за една година. Како ќе ги погледне тутунарите во очи. Како ќе ги погледне пензионерите, невработените и сите граѓани на Прилеп. Странски инвестиции нема, што нема, ама дали неговото семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави, го повикувам да одговори ако не јас ќе дадам документи на јавноста и да видат граѓаните како станаа најбогато семејство на Балканот. Го прашувам и дали ќе продолжи да преговара за историјата со Бугарија, дали е таксано дека Гоце Делчев не е Македонец“, рече Николоски.

Николоски посочи дека Заев бега од дуел, од дебата, но оти тој очекува од него одговори, затоа што ако Заев не им даде одговори на граѓаните тој ќе го стори тоа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

Бос танцувал на дожд , па добил балетска стипендија во Њујорк (ВИДЕО)

Момче на 11-годишна возраст од Нигерија чиешто видео како танцува на дожд, стана вирално на социјалните медиуми, доби стипендија за студирање балет на престижната американска академија.

Ентони Мемсома Маду танцуваше на дождот во Лагос, а неговото училиште за танцување го сподели видеото на Интернет и тоа веднаш стана хит. Неговите грациозни движења ја воодушевија добитничката на Оскар, Виола Дејвис, но и американскиот балетски театар во Њујорк.

Театарот му понуди на Ентони стипендија и му организира пристап до Интернет, така што 11-годишникот може да има виртуелна обука уште ова лето.

„Освоив голема награда со одење во САД ... Ќе бидам во авионот и тоа е она што ме чека и балетот го направи за мене“, изјави момчето кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам за „Вашингтон пост“.

Неговото видео, гледано од милиони, обезбеди и бројни донации за училиштето во Нигерија, каде момчето во моментов вежба.

Основачот Даниел Ајала Овосени изјави дека средствата ќе бидат искористени за промовирање на балетот во Нигерија. „Видов потреба да се донесе оваа уметничка форма која покажува дисциплина, посветеност и строгост“, рече тој.

Ентони за BBC News пред неколку дена изјави дека се чувствувал како да сонува додека танцува. „Онаму каде што живеам нема балетски танчери како мене“, рече 11-годишникот. „Кога луѓето гледаат балет, мислат дека е само за девојчиња, но не знаат дека не е така“.

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

притисни ентер