Во трка за тоа место се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, поранешниот лидер на парламентарната група на ЦДУ, Фридрих Мерц и сегашниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.
По 16 години „владеење“ од Меркел, одговорноста што ја имаат делегатите при изборот на лидерот на партијата е многу голема.
Исходот од изборите, што ќе се одржат денес дигитално, е целосно отворен, според германските медиуми, кои му даваат мала предност на Мерц.
Пред денешното изборно собрание, водечките фигури на ЦДУ повикаа на единство.
Потпретседателката на партијата, Силвија Бречер, рече дека очекува дека по собранието сите во ЦДУ ќе застанат зад избраниот кандидат и ќе придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.
Пандемијата на корона вирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма.
Предвидено е прво да одржи говор канцеларката Ангела Меркел. Исто така, поздравни говори ќе одржат претседателот на Европскиот парламент Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар Себастијан Курц, лидерот на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма пред да започнат со изборот на нов лидер на партијата.
Собранието на ЦДУ требало да се одржи во декември, но е одложено поради епидемиолошката состојба.
1.001 делегат се поканети да го дадат својот глас, а на кандидатот му требаат 501 глас за да победи.
Прво, гласањето ќе биде дигитално, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за што делегатите, од правни причини, ќе треба да гласаат писмено.
Затоа, конечниот резултат ќе се објави дури следниот петок.