Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег

Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. 

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер.

Според УХМР, на планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од два до осум, а максималната ќе достигне од седум до 14 степени.

Во Скопје прoменливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Дневен хороскоп за 24. јануари 2021 година

Дневен хороскоп за недела 24. јануари 2021 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ве води силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена.

Кариера

Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти.

Здравје и совет

Изразете се слободно .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза.

Кариера

Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација.

Здравје и совет

Обрнете внимание на соништата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни.

Кариера

На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на ситници.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност.

Кариера

Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате.

Здравје и совет

Барате пријатна диета за себе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи.

Кариера

Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале.

Здравје и совет

Некои размислуваат за диета.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате.

Кариера

Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот.

Кариера

Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате.

Здравје и совет

Ќе има мали неровози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни.

Кариера

Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет.

Здравје и совет

Излезете им во пресрет на другите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете.

Кариера

Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство.

Здравје и совет

Здрави сте и инвентивни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи.

Кариера

Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели.

Здравје и совет

Вашите идеи се се подобри и подобри.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа.

Здравје и совет

Проблеми со исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите.

Кариера

Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа.

Здравје и совет

Разбистрете ги мислите во тишина.

притисни ентер