НАСА планира до 2024 да ја прати првата жена на Месечината

Како дел од програмата Артемис, целта на агенцијата е да испрати маж и жена да слетаат на Месечината, првото човечко враќање на ова место од 1972 година.

Американската вселенска агенција НАСА објави планови во вредност од 28 милијарди долари за враќање на Месечината до 2024 година - и првата жена-астронаут ќе биде вклучена во таа мисија.

Но, овој распоред е условен од фактот дека сè уште не е познато кога Конгресот ќе одобри 3,2 милијарди долари за изградба на системот за слетување.

Астронаутите ќе патуваат со вселенското летало „Орион“, капсула која личи на „Аполо“ и треба да биде прикачена на моќната ракета СЛС.

"Сумата од 28 милијарди долари ги претставува трошоците поврзани со нашите активности и програмата Артемида за слетување на Месечината во следните четири години. Има пари за SLS, за Орион, системот за слетување луѓе и, се разбира, вселенски костуми ", рече Џим Брајденштајн, првиот човек на НАСА.

„Овој план бара Сенатот да одобри буџет од 3,2 милијарди американски долари за изградба на систем за слетување на луѓето следната година. Тоа е од суштинско значење“, додаде тој.

Претставничкиот дом на САД веќе донесе закон со кој се предвидени 600 милиони долари за изградба на леталото, но НАСА мора да добие повеќе пари за да го заврши тој проект.

Во јули 2019 година, Брајденштајн за Си-Ен-Ен изјави дека првата жена на Месечината во 2024 година ќе биде личност која „се докажа, веќе леташе и остана на Меѓународната вселенска станица“.

По тој повод, Брајденштајн додаде дека тоа ќе биде некој што веќе е дел од вселенските единици.

За време на интервјуто, НАСА имала 12 жени-астронаути. Во меѓувреме, се приклучиле уште пет, кои дипломирале оваа година.

Останува нејасно дали некоја од нив може да ги исполни критериумите и да лета на првата мисија на Месечината во 2024 година.

Во последната генерација астронаути имало шест жени - пет од НАСА и една од Канадската вселенска агенција.

Запрашан за распоредот за избор на членови на мисијата Артемида, шефот на НАСА рече дека се надева дека тие ќе бидат избрани две години порано.

„Важно е да започнеме да собираме тим за оваа мисија што е можно побрзо“, рече тој.

Со испраќање на тимот повторно на Месечината, Белата куќа сака да ја засили Америка како лидер во вселенската трка.НАСА, исто така, планира да собере вредни наслаги на замрзната вода од лунарниот јужен пол. Тие може да се користат за производство на ракетно гориво на Месечината - по пониска цена отколку да се донесени од Земјата.

Познато е кому Роман Абрамович му подарил 100 милиони долари

Истрагата покажала дека сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи делел дарежливи донации преку неговите компании, пренесуваат медиумите.

Роман Абрамович, сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, наводно донирал 74 милиони фунти (100 милиони долари) на израелската имигрантска група Елад, која ги раселува Палестинците од источниот Ерусалим.

Абрамович, државјанин на Русија, има и израелско државјанство од 2018 година, откри БиБиСи, а пренесува Ал Џезаира.

Донациите ги доставувал на Елад преку неговите компании, судејќи според документите што протекоа.

Дарежливите суми одобрени од Абрамович го прават најголемиот донатор на групата, која ужива и финансиска помош од израелската држава.

Од Елад за арапски БиБиСи изјавиле дека групата се придржувала до израелските закони за невладини организации, но не потврдила дека Абрамович е донатор.

Портпаролот изјави дека Амрабович „бил посветен и дарежлив поддржувач на Израелците и еврејското граѓанско општество и дека тој донирал 500 милиони долари во изминатите 20 години за поддршка на здравствениот систем, науката, образованието и еврејските заедници во Израел и низ целиот свет“

Елад е обвинета за поддршка на населбите во Силван, во источен Ерусалим, каде 450 еврејски доселеници живеат меѓу 10 000 Палестинци, тврди Гардијан.

Полицијата ја запрела за да ја казни,таа избегала зошто имала потреба(ВИДЕО)

Жена од американската држава Оклахома му рекла на полицаецот ,кој ја запрел дека и е роденден и дека мора да изврши нужда пред да избега од местото на настанот, по што полицијата тргнала во потера.

Емили Џин Овингс Синдт (28) била уапсена минатата недела во Енид, откако била запрена од полицаецот Џефри МекБрајд, зашто не носела појас.

Полициското видео покажува жена како му објаснува на полицаец дека треба да оди во тоалет. Кога ја фатиле, откако избегала од местото, го прашала полицаецот дали може да изврши нужда во неговиот автомобил.

Синдт останала без возачка дозвола откако избегала од полицијата возејќи со 110 км на час во зона каде ограничувањето на брзината било 50 км на час. По бркотницата со полицијата, таа добила неколку нови обвиненија, а кога полицијата го претресела нејзиното возило, пронашле и прибор за дрога.

"Но, јас навистина морам да одам во тоалет. Денеска ми е роденден. Тоа е мојот е**н роденден", се слуша жената на снимката. "Зошто не сакате да ме пуштите? Може ли да одам дома и да извршам нужда?"

Полицаецот потоа и рекол дека е распишана потерница по неа. "Не, тие нема да дојдат. ", одговара жената пред да побегне. Откако била уапсена, таа го прашала полицаецот дали може да изврши нужда во неговиот автомобил. „Можеби веќе сте на пат кон затвор“, одговара тој.

„Сите одат по нужда, тоа го знаеме, но тоа не е причина да сториме кривично дело и да ги загрозиме животите на полицијата, другите возачи и пешаците“, заклучила полицијата.

притисни ентер