Ни на небо, ни на земја - Дамаск по две години од конфликтот

На прв поглед Дамаск делува како и секој друг град – сообраќаен метеж, редовен јавен транспорт, полни пазари, петочни молитви. И од време – на време детонација. Но, освен птиците и по некој странец кој неодамна допатувал во земјата, веќе никој не реагира на нив.

-Тоа е нормално чувство по две години.  Но, сакаме  да продолжиме со животот, онаму каде што нема да има бомби. Понекогаш кога има силни детонации  чувствуваш страв, но тоа е животот.

Детонации и густ црн чад преку цел ден се слушаат и се гледаат на хоризонтот, главно од периферијата. Пазарите и продавниците се отвораат рано наутро, и се затвораат доцна навечер, но бројот на купувачите е се помал. Војната не само што го наруши секојдневниот мир, туку донесе и економска криза.      

И додека некаде далеку преку вжештените линии се крои клучната одлука дали ќе има воен одговор на сирискиот режим, Сиријците се сигурни дека тоа нема да се случи.   

- Мислам дека Американците нема да нападнат, не би ја направиле истата грешка како и во Ирак. Не треба да се заборави дека Сирија е нешто друго.

- Тоа е невозможно, бидејќи во Дамаск има многу народ. Како може да нападнат густо населени делови? Ако целта е хуманитарен зошто би пукале во нас?

Со месеци Дамаск живее во воена состојба - на секоја улица има барикади и контролни пунктови. Но деновиве само еден знак покажува дека режимот на Башар ал Асад е подготовен за воена интервенција - од вторникот, светлата на Министерството за одбрана се изгаснати...

притисни ентер