Незначително зголемување на бројот на тестирани лица во Куманово за Ковид 19

Десетина лица од Куманово на неделно ниво или по двајца дневно, последниов период се тестирале за Ковид 19, соопштија денеска од Центарот за јавно здравје. 

Ова е незначително зголемување на заинтересирани за тестирање во однос на долгиот период по пандемијата кога речиси и да не се спроведуваше тестирање.

-Повеќето од тестираните сè со упати од матичните лекари и во скоро време и од инфективното одделение од општа болница Куманово почна да праќаат упати за тестирање на пациенти за Ковид 19, изјави примариус доктор, Весна Стефановска микробиолог.

Незначителен е бројот на позитивни лица во Куманово. Од Центарот кажаа дека располагаат со доволен број тестови, имаат соодветно обучен персонал кој може да одговори на потребите на градот, доколку има зголемување на упатени пациенти брз разлика дали доаѓаат од општата болница или преку „Мој термин“.

Поенти „Само Вистина“

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Павле Трајанов од ДС, Ненад Коциќ од СДСМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. Со нив разговараше Андријана Лазова. 

Трајанов: Амнестија има цел да поминат уставните измени. Сите фракции во партиите пропаднале, тој што не ја слуша матицата, нема просперитет. Законот за амнестија е подготвен по теркот за аболиција на Ѓорѓе Иванов, на ист начин. Најмал проблем е внесувањето на Бугарите во уставот, прашањето е покомплексно. Три работи се клучни за нас: Бугарија да ги признае правата на Македонците, да имаме реципроцитет, Советот на ЕУ да донесе одлука дека македонскиот јазик ќе биде официјален службен јазик по приемот и ако Советот на ЕУ не може да ја промени рамката да донесе одлука дека историските прашања нема да бидат основа за блокада од Бугарија. Да не беше отпорот на јавноста ќе имаше и нови барања. Прво треба да заврши скринингот, нема да се отвораат кластери во 2024 година, таа година нема ништо да се случи.

Коциќ: Партија што му направила споменик на Симеон Радев ќе не брани од бугарски диктат? Антиевропското крило тесно соработува со Софија. Ајде да ги изгласаме измените, доколку утре некој не уценува, ќе ги отповикаме. Ние самите се блокираме како држава, не е изолација, туку е само изолација. Амнестија за криминалците нема да има, не за тие што ќе бидат осудени. Според официјалниот попис Бугарите се 3506, провокации се од страна на Бугарија тврдењата дека има 120 илјади Бугари во Македонија. Треба Македонија да им ја оставиме на младите, а не во балканската кал заедно со Косово и БиХ.

Јаревски: Ова е самоуништување, дали на Бугарите ќе им следува место во меѓуетничката комисија? Не е само влазот во Преамбулата, следува место и во комитетот на меѓуетничките заедници, значи им следат сите работи по Бадентер, значи вработувања, канална телевизија со своја програма каде ќе слуѓаме дека Гоце бил Бугар. Интересот на Македонците со СДСМ и ДУИ е загрозен, се докажавте како трговци со националните интереси. СДСМ дозволивте работа на историска комисија, на историски личности и приказни да бидат фактор за напредок кон ЕУ.Зошто Владата не реагира на типичната асимилација на Македонците во Албанија?

Ретка банкнота од 10.000 долари е продадена на аукција за 480.000 долари

Ретка банкнота од десет илјади американски долари од периодот по колапсот на Њујоршката берза пред сто години е продадена за 480.000 долари на аукција, објави Си-Ен-Ен.

Банкнотата, издадена во 1934 година, е оценета дека е со исклучителен квалитет, според аукциската куќа Херитиџ со седиште во Далас.

Банкнотата од Бостон, на која се наоѓа ликот на тогашниот секретар за финансии на претседателот Линколн, Салмон П. Чејс, беше ѕвезда на аукцијата на банкноти и минатиот петок е продадена за рекордна цена.

„Банкнотите со големи деноминации отсекогаш го привлекувале интересот на колекционерите од секаков вид“, рече Дастин Џонстон од Heritage Auctions во соопштението за печатот. 10.000 долари стојат само зад златниот сертификат од 100.000 долари издаден во 1934 година, а од 18-те примероци оценети од експерти, овој примерок имал речиси највисока оценка.

Највисоката цена за која претходно била продадена банкнота од 10.000 долари од 1934 година била 384.000 долари во септември 2020 година, изјави портпаролот на аукциската куќа, додавајќи дека продажбата „поставила рекорд за банкнота од 1934 година“.

Банкнотата од 10.000 долари била најголемата деноминација досега во оптек, бидејќи банкнотата од 100.000 долари се користела само за пренос на средства меѓу банките, според веб-страницата на Музејот на американските финансии. Оваа банкнота, која е ставена на аукција, никогаш не била во оптек, велат од Heritage Auctions.

Банкнотата од 100 долари е највисоката деноминација во САД од 1969 година, откако биле укинати банкнотите од 500 долари и поголеми.

Рекорден број мигранти се движи кон границата на САД, Бајден пред нов тест (ВИДЕО)

Илјадници мигранти преминаа во Соединетите држави последниве денови, од Калифорнија до Тексас, а многу други пристигнуваат со автобуси и товарни возови во мексиканските погранични градови, што претставува нов предизвик за претседателот Бајден. 

Драматичното зголемување долж границата, особено во Сан Диего, Калифорнија и во тексашките градови Ел Пасо и Игл Пас, означува пресвртница откако бројките драстично паднаа во последниве месеци и може да создаде нови политички проблеми за Бајден пред изборите.

Во мај, Бајден започна нови политики за да ги спречи илегалните преминувања, вклучително и депортирање на мигранти и забрана за повторен влез на пет години, додека неговата администрација се бореше со рекордната миграција. За еден месец построгите мерки ја намалија стапката на минување на границата за околу 70 отсто.

Но, неодамнешниот пораст на пристигнувања на границата, во комбинација со значително повеќе луѓе кои се упатуваат кон север преку Централна и Јужна Америка, со мигранти кои се возат на покривите на товарни возови низ Мексико, сугерира дека одвраќањето опаѓа.

Експертите велат дека САД немаат капацитет да ги приведат и обработуваат мигрантите на границата, што често ја оневозможува администрацијата да ги спроведе строгите казни што ги објавија во мај. Како резултат на тоа, некои баратели на азил кои нелегално преминуваат се пуштени во САД со иден датум на судење наместо да бидат депортирани.

„Администрацијата на Бајден излезе со паметна стратегија, но нема ресурси или капацитет да ја спроведе“, рече Ендрју Селе, шеф на Институтот за миграциска политика. Царината и граничната заштита на САД соопштиле дека ги обработуваат мигрантите безбедно и ефикасно и ќе наметнат последици, вклучително и депортација за мигрантите без правна основа да не останат во земјата.

притисни ентер