Независниот синдикат на здравствени работници најави протести

Доколку мартовски плати, што треба да ги земат во месец април останат исти, здравствените работници повторно ќе излезат на улица. 

Од незвисниот синдикат најавија нови протести, велат револтот и незадоволството од ниските примања е се поголем. Вработените во здравството со овие плати не можат да го преживеат месецот. Протест за време на пауза, три часовно затворање на јавните здравствени установи или генерален штрајк се трите опции за кои во следниот период ќе одлучува коориднативното тело на синидкатот.

„Од една страна имаме изјава од министерот дека нема да има покачување, од друга страна од заменик министер кој што работат во исто министерство, имаат канцеларии карши – карши викаат дека ќе има линеарно покачување на платата на сите вработени во здравствениот сектор, од хигиеничар до доктор, ако не дојде до ова линеарно покачување ние со координативното тело имаме три опции....протест пауза, затварање на клиники и генерален штрјак.“ - Боби Бојчевски - националниот координатор на Независниот синдикат

Дополнително останува и долгогодишниот проблем со нивните колеги кои се со договор на дело. Од синдикатот побараа регулирање на нивниот статус, но и навремена исплата, обвинуваат дека имало здравствени работници кои со месеци работат без надомест.

„Тие се дел од секојдневната здравствена услуга и во амбулантите, поликилиниките и во болниците. Поради многу голем недостаток а персонал ќе влијае и врз останатиот персонал кој е веќе по договор на неопределено бидејќи, работните обврски се поделени, работиме еден за тројца, уште да ги нема тие на договор на дело јас не знам како ќе функционираме....“- Кристина Олевска – синдикат ГОБ 8-ми Септември

„Бараме конечно нашиот работен статус да биде решен, затоа што ние не бараме ништо повеќе односно бараме само право на живот и егзистенција во истава дражава како и секој нормален граѓанин. “ - Томас Тодоров – физиотерапевт, вработен по договор на дело на Кардиохирургија

Ваквиот чекор од страна на синдикатот доаѓа откако на првата прес конференција Илир Демири, како министер за здравство рече дека поради предизоброниот период во кој се наоѓа државата ќе ги стопираат вработувањата и покачувањето на платите во здравството. Наспорти ова, пред три заменичката Манолева, посочи дека согласно законот за минимална плата, во март повисоки плати ќе добијат лекарите, помошно-техничкиот персонал и административните службеници.

Од Независниот синдикат изминатата година неколкупати протестираа поради аномалии во колективните договори и ниските плати.

Утринава почина 14 месечно бебе на детската клиника, било донесено во сериозна состојба

14 месечно дете рано утринава почина во Клиниката за детски болести. Семејството на детето тврди дека станува збор за негрижа од страна на детската клиника. 

Роднини на семејството на починатото девојче раскажаа дека детето било болно и уште пред неколку дена го носеле во болница каде што има дале сируп и има кажале да го однесат детето дома. Откако не се подобрила состојбата детето тие го однеле детето во болницата Козле, но оттаму детето околу еден часот ноќеска било претпратено на клиниката за детски болести. Околу четири часот тоа починало.

Денеска на клиниката имаше и полициско обезбедување, откако бил пријавен инцидент од страна на вработените, кога вознемирениот татко по смртта на неговото дете почнал да крши во ординациите. Вознемиреност од целиот настан имаше и кај персоналот но и кај пациентите кои доаѓаа. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди објасни дека детето било донесено во тешка здравствен состојба.

На прашањето дали детето било вратено од клиниката и дали на смена бил тим за интензивно лекување? Мемеди одговори дека истражните органи ќе ја испитаат состојбата, а дека на смена имало тим кој одговора на задачата на интезивна нега.Телото е предадено на обдукција.

Од ДСЗИ потврдија дека ќе се изврши вонреден инспекциски надзор. Надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица од двете болници детска клиника и козле и вработените кои биле вклучени во овој случај. По добиените изјави и документација ќе се формира и комисисја за стручен надзор.

По обилните врнежи во тетовско над 20 интервенции на пожарникарските екипи

Над 20 интервенции имало синоќа во поплавени куќи во Тетово по обилниот дожд.

Тетовските пожарникари ноќта имале повеќе од 20 повици за испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи биле во селата Мала и Голема Речица.. Поради обилните врнежи пожарникарите вчера извлекувале и неколку возила..Најкритично било во Желино каде во подвозникот по кој поминува локален пат в насобраната вода се заглавило комбе со 11 патници., кои не можеле да излезат , и по интервенција на тетовските пожарникари успешно биле извлечени од комбето и патниците и возачот

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА./МИА

притисни ентер