НЕВЕРОЈАТНО: „Дух“ од Собранието на Македонија бара Канал 5 да објави демант!

Кој говори во име на Собранието, во услови кога тоа е распуштено, новото не е коонситуирано, а и досегашниот претседател кој сега технички ја извршува должноста е на боледување?

До Канал 5 телевизија вчера беше испратена реакција од Собранието на Македонија за еден прилог објавен во вестите во кој меѓудругото е опишана неуредноста во околината на собранската зграда во центарот на Скопје. Во реакцијата на непознатиот праќач, се наведуваат факти кои воопшто не се изречени, односно се тврди дека телевизијата била тенденциозна и дека вината за неуредениот простор околу Законодавниот дом е на самото Собрание. Дополително самата реакција беше навредлива и клеветничка

Но, во писмената реакција никаде не стои ниту име ниту потпис, ниту печат од овластеното лице кое ја испраќа. Следствено на Законот за Медиуми, чл 17 став 2, јасно и прецизно стои дека барањето мора да содржи потпис на овластено лице а со тоа, и соодветен печат, а во спротивно медиумот нема обврска да ја објави исправката.

На ова Канал 5 на два пати реагираше и побара испраќачот да се легитмира и потпише на барањето , но и по овие барања остана мистерија - кое е лицето кое ги испраќа пораките до телевизијата од службениот меил на Собранието? Во првиот меил реакцијата е ставена на меморандум, додека во вториот меил е напишана без меморандум на Собранието. Единствената разлика беше што вториот допис во самиот email беше нотирано дека е испратен од Одделението за односи со јавност на Собранието, но повторно без име на одговорото лице кое дало налог за ваква реакција, ниту пак печат...

Канал 5 го контактираше екс претседателот на Парламентот Талат Џафери, кој во телефонски разговор рече дека е запознаен со реакцијата и не гледа ништо спорно. На прашање, кое лице стои зад пораките – одговори дека тоа не е важно.

Чудно е како на еден легалист каков што беше г-динот Џафери, додека беше спикер на Собранието, не му се важни законските одредби од Законот за медиуми, кои се јасни и прецизни, и кои важат и за Собранието

На непознатиот испраќач на демантот од меилот на Собранието, му посочивме дека е задолжително барањето да биде образложено, и истовремено да биде потпишано од страна на подносителот на исправката и да ги содржи сите потребни податоци за подносителот на исправката, како и неговата адреса.

Доколку Канал 5 добие реакција која ги задоволува овие законски критериуми опишани во Законот за медиуми,веднаш ќе ја објави. Во спротивно, утре ќе се обратиме до МВР да го открие НН лицето и да констатира дали и кој ја злоупотребува службената е-маил адреса на Собранието и на таков начин прави притисок врз телевизијата.

Овој случај уште еднаш покажа и дека постојат гоелеми дупки во законската регулатива поврзана со работењето на собранието во услови кога тоа е распуштено, а новото се уште не е констиуирано.

Италијаните му продале заштитен остров на Украинец за 10 милиони евра

Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за повеќе од 10 милиони евра на украинскиот бизнисмен Александар Богуслаев, јавија денес италијанските медиуми.

Според Кориере дела Сера, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бијачеслав Богуслајев, сопственик на компанија која била лидер во производството на мотори за авиони и хеликоптери.

Куќите во форма на желка на островот, кои се наоѓале на 1,5 километар крај брегот на Лигурија меѓу Аласија и Албенка, некогаш припаѓале на Римокатоличката црква, а во последните 150 години на богатите банкари и индустријалци, бидејќи биле приватизирани.

Весникот наведува дека тој потпишал договор со претставниците на девет семејства од Лигурија и Пиемонте, кои биле сопственици во последните 40 години.

Се додава дека Александар Богуслајев поседува недвижен имот и на југот на Франција.

Островот е прогласен за заштитен парк на природата и не е достапен за туристите , пишува„ Кориере дела Сера “.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

притисни ентер