Неверојатна акција во маркет во САД:Извадете ги маските! (ВИДЕО)

Противниците на носење заштитини маски, колоквијално наречени антимаскери, веќе долго време се честа појава во Соединетите држави, и сè повеќе во остатокот од светот.

Но, снимките што доаѓаат од продавницата Таргет на Флорида се прилично неверојатни. На видеото, група луѓе, вклучително и деца, одат на шопинг со еден вид изведба, скокаат, викаат и гласно ги повикуваат клиентите да ги „тргнат своите маски“.

Некои од нив носат капи и маици со слоганот на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп „Направи ја Америка повторно голема“.

Снимките очигледно ги направил еден од потрошувачите, а потоа ги објавил на Твитер.

Во последните месеци кружат серија видеа на социјалните мрежи во кои Американците, претежно жени, реагираат луто и им викаат на продавачите откако ќе им кажат дека не можат да купуваат во таа продавница без маска, бидејќи таква е трговската политика или регулатива во таа држава.

Поради некоја причина, на американските антимаскери им е многу тешко да разберат дека немаат уставно или друго право да купуваат во продавница без маска, доколку таа продавница воведе задолжително носење маски за заштита од пандемијата.

Спасовски: Интегритетот и опременоста на полициските службеници императив за системски реформи

Се насочивме примарно на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – полицијата, рече Спасовски.

На секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, а интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кој е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

При посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров" Спасовски ги претстави досегашните активности за подобрување на материјално-техничките услови за работа на припадниците на полицијата од кои, како што потенцираше, зависи спроведувањето на законите и најави набавки на нови униформи, интервентни и теренски возила и друга опрема за полициските службеници.

Во годинaшниот буџет на МВР планирани се и течат постапки за набавка на нови униформи на Единицата за брзо распоредување, на ПЕП и на Единицата за интервентна полиција, на осум интервентни и на пет теренски возила, нови радио врски, зимски и летни чизми за секој полициски службеник, нова ски опрема, исто така набавка на пиштоли за трите единици на ОСП , а наскоро ќе започне и комплетно реновирање на павилјон во касарната „Ѓорче Петров" со донација од САД, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи истакна дека во изминатите три години дејствувањето првично било фокусирано на решавање на фундаменталните проблеми како приоритет за натамошно функционирање на полицијата.

На стратешко ниво, како што рече, реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на јавноста за конечно да се воспостават норми и концепти кои ќе бидат и гаранција за етаблирање на принципите на владеење на правото во безбедноста.

-На оперативно ниво, пак, свесни за прилично незавидните материјално-технички, социјални, професионални прилики во коишто беше затекната полицијата, односно МВР, решивме да одиме дел по дел во надминување на постојните и создавање нови услови за нормално функционирање на полицискиот систем. Се насочивме примарно на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – полицијата, рече Спасовски.

Тој потсети дека во претходниот период од буџетот на МВР инвестирале над 100 милиони денари во материјално обезбедување опрема за униформираните полициски службеници од сите организациски единици, набавена е комплетна спортска опрема за припадниците на ЕБР и за ПЕП, заменети се 45 години старите возила во ПЕП со нови интервентни возила и набавена е опрема за јавен ред и мир.

-Делумно или целосно се реконструирани 50-ина објекти на Министерството во сите сектори за внатрешни работи со 140 милиони денари. Во тек е изградба на Центарот за санирање од катастрофи и обезбедување континуитет во работењето во Прилеп, а во напредна фаза е изградбата на зградата на крим-техничка со современа форензичка лабораторија со што ќе се влијае на брзината на постапки, рече Спасовски.

Тој најави и дека деновиве ќе започне монтажа на соларни системи за греење вода на сите објекти каде се сместени припадниците на ОСПО. Со ова, како што укажа, практично целосно ќе се заокружи нивниот проект давајќи јасно до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење и дека интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без којшто е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.

Приведени петмина за оруженото разбојништво во стан во Тетово во август

Тетовската полиција приведе пет лица осомничени за оруженото разбојништво на 9 август, кога од стан во градот со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот.

Петмината се приведени вчера, во периодот од 11 до 14 часот и 20 минути.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово поради основи на сомнение дека на 9 август годинава во 21 часот и 30 минути извршиле разбојништво во стан на улица „Маршал Тито" во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината малолетна ќерка. Вчера, исто така, од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 20 минути, со судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци, информираат од СВР Тетово.

Петмината осомничени задржани се во полициската станица Тетово и во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

МЖСПП: Постигнат Договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Министерот  за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино" и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

На средбата, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион.

Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е контролирано управување со отпадот, со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

Тој нагласи дека Владата и Министерството се целосно подготвени за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес, потенцира Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено, како што нагласи, првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.

Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање на интервентни мерки за која се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања. Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино. Брзите мерки значат набавка на контејнери за сите општини од Полошкиот регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино. Тоа опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонијата со поставување на ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот), посочуваат од Министерството.

Овој дел делот од проектот со кој ќе санира состојбата со нестандардната депонија „Русино" не може се уште да се реализира заради не издавање на согласност за инфраструктурен проект од страна на општина Гостивар, како би можело да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. наведуваат од Министерството и додаваат дека и во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино" и со тоа не само што не се решава проблемот, туку се отвараат нови проблеми за сите општини во регионот.

При тоа на средбата е нагласена суштинската важност на усвојување регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и Општина Гостивар што е предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот. Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затварање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот.

Присутните изразувајќи подготвеност за заедничко решавање на проблемот се согласија градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино и регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање на нова локација во рок од пет години, да биде одобрен од сите општини во Регионот, информираат од Министерството.

притисни ентер