Необични професии со добра заработка

Во последните години сите сакаат да бидат директори, менаџери , шефови .. Но постојат и професии кој немаат вака звучно име а сепак носат голема и брза заработка.


Некои од нив се : готвач во австралиска подморница, ловец на бисери ,келнер за вино, етички хакер, ловец на топчиња за голф, модел за проверка на дезодоранс ...

1. Готвач во австралиска подморница има годишна заработка од околу 140 000 евра. Негова задача е пловејќи низ светските мориња и океани состојките од конзерви во малата кујна да ги подготви за јадење на екипажот.
2. Ловец на бисери во Австралија. Оваа работа може да донесе дневна заработка од 1000 евра. Во описот на работното место стои дека треба за нуркате и да трагата по вредните бисери. Секако за да го постигнете ова мора да бидете во одлична физичка кондиција и да имате остар вид.
3. Хакер. Ваша обврска е да влезете во компјутерскиот систем на некоја фирма и на надлежните да им докажете дека имаат некој недостатоци со безбедноста на податоците. Годишната плата за ова работно место се движи од 50 до 90 илјади евра .
4. Ловец на топчиња за голф .
Интересно и за оваа работа ви е потребно да имате завршено курс за нуркање. Ваша задача е да ги барате топчињата за голф кои завршиле на дното на езерото или во некои рибник на теренот за голф. За секое пронајдено топче следува награда од 25 центи до 1,40 долари, што значи дека за 50 000 пронајдени топчиња следува заработка од околу 50 000 евра.
5. Келнер за вино
Познавачите на вино од оваа работа може да заработат и до 117 000 евра годишно. Келнерите на вино имаат задача да ги редат соодветните вина за одредено јадење и секако да го дегустираат виното. За ова занимање е потребно повеќегодишно искуство.

Осумгодишно девојче било вшмукано во одвод на базен, очајната мајка го тужи хотелот (ВИДЕО)

Полицијата во Хјустон, Тексас,  ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело било пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучиле дека смртта на Алија Јаико е случајно давење.

Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некого да дише. Се чека извештај од обдукцијата.

Полицијата соопштила дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Даниела Јаико, поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопштила дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

Скандал во Прага: Трудница отишла на редовен преглед, по грешка ѝ направиле абортус

На трудницата која дошла на редовен преглед во болница во Прага ѝ направиле абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешна пациентка.

Во трагичниот инцидент претходно оваа недела, мешањето на две странски жени во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, објави CNN Prima.

Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентката и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјанки кои живеат во Чешка.

Официјалните лица не објавиле никакви информации за идентитетот на жените.

Крокодил му се прикрадува на заспан турист, а епилогот е неверојатен (ВИДЕО)

На интернет кружи видео снимено на плажа во близина на мексиканската населба Бока де Игуанас.

Застрашувачката сцена прикажува млад турист како спие во шатор, а покрај неговата глава гледаме крокодил!

Момчето е сместено во светло син шатор, а опасниот рептил очигледно немал желба да го изеде, туку да си ја одмори душата.

Авторот на видеото објаснил дека крокодилот цела ноќ спиел покрај шаторот, а останатите го преместиле пријателот во апсолутна тишина за да не го испровоцираат опасниот предатор.

Локалните власти ги потсетија туристите да бидат свесни за присуството на диви животни и да преземат соодветни мерки на претпазливост, пишува Daily Mail.

Се верува дека крокодилот стигнал до плажата во Бока де Игуанас, западно од Мексико Сити, поради храната и отпадот што го оставиле посетителите.

Официјалните лица истакнуваат дека влекачите ги привлекува „лесниот оброк“, па затоа е важно туристите да го остават ѓубрето подалеку од површината на водата. Во спротивно, може да се појават ризични ситуации.

притисни ентер