Нема слободни места во најголем број од скопските градинки

Дали по примерот на модуларните болници ќе треба да се монтираат и модуларни градинки? 

Илјадници деца ширум Скопје не можат да бидат згрижени во предучилишните установи, а брзо решение на повидок нема. Само во О. Аеродром на листа на чекање се околу 900 деца.

-Во пракса што се случувало, се давало одобренија за градба, а не се планирало инфраструктурата која што е најдлабоко поврзана со училиштата и со градинките. Отварање на нови градинки, моја цел до крајот на мојот мандат е во О. Аеродром да нема дете кое што чека за да добие место. – вели градоначлникот на Аеродром Муцунски.

Сличен проблем имаат и Ѓорчепетровци. 500 деца од ѓорче се на општинската листа за запишување, а проблемот по 10 јуни ќе се зголеми бидејќи О. Карпош ќе ги отпише сите деца од градинките кои не живеаат на таа територија.

- Тоа е една сериозна ситуација која што дополнително се усложнува со одлуката на О. Карпош, бидејќи има добар дел на деца од Ѓорче кои гравитираат во тој дел во градинките. Инстант решение за овој проблем нема. – вели градоначлникот Александар Стојкоски.

Градоначалникот на О. Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека нема да остапи од одлуката, бидејќи тој е избран да мисли за Карпошани.. Во градинките се запишани 200 деца од други општини додека место не можат да најдат околу 300 од Карпош.

-Пред некој ден еден ми рече, ќе ви го донесам детето кај секретарките чувајте го вие, ова не можам да го издржам, да ја гледам градинката преку улица, а детето да го носам со мене на работа. Јас апелирам до граѓаните, ниту треба да се караме, ниту треба да се лутиме, туку треба да ја разбереме ситуацијата на О. Карпош, нема потреба да фаќаат врски, -Тито од гроб да стане одлуката е иста.-Стевчо Јакимовски.

Од О. Центар велат дека на листа на чекање имаат околу 200 деца кои во септември ќе бидат примени, но посочија дека согласно Законот за заштита на деца може да запишуват и деца од други општини доколку во тој момент имаат слободни капацитети.. „Ние како централна општина имаме и законска и морална обврска да им излеземе на родители во пресрет,. – Велат од О. Центар.

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

притисни ентер