Нема печати во пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија - Канал 5

Нема печати во пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија

Советот на Европската унија и Европскиот парламент денеска го усвоија привремениот договор за постепено воведување на Системот за влез и излез (EES), односно новиот дигитален систем за управување со границите.

Нема печати во пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија

„Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го применат новиот систем за управување со границите за регистрација на влез и излез во Шенген-зоната на државјани од земји надвор од ЕУ. Ова е добра вест и ќе ги поддржи нашите напори за безбедни граници“, изјави полскиот министер за внатрешни работи, Томаш Сјемонјак, според соопштението на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Договорот што денеска беше постигнат е привремен, и треба да биде потврден од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент пред официјално да биде усвоен од двете институции.

Можеби ќе ве интересира: Пасошите ќе бидат повлечени од употреба: Eве кога сè ќе се промени

Активирање се очекува до крајот на 2025 година

EES е ИТ-систем кој дигитално ќе ги евидентира влезовите и излезите, податоците од пасошите, отпечатоците од прсти и фотографии од лицето на државјани од трети земји кои патуваат за краткорочен престој во некоја од 29 европски држави.

Овој систем, кој ќе го замени сегашниот систем на рачно печатење пасоши, ќе се однесува и на граѓаните на Западен Балкан при премин на границите на ЕУ.

Системот „EES“, кој вклучува земање отпечатоци и фотографирање на гранични премини, веќе е технички воспоставен и подготвен за примена. Според Европската комисија, неговото активирање се очекува до крајот на 2025 година, што го потврди и Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска.

Со воведувањето на „EES“ за земјите во Шенген-зоната, постапката на влез ќе се промени значително за граѓаните од Западен Балкан – како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија – но и за Молдавија и Украина, пренесува „Sarajevo Times“.

Според веб-страницата на Советот на ЕУ, во рамките на фазната имплементација, земјите членки постепено ќе го применуваат системот „EES“ и ќе се стремат во првите 30 дена да регистрираат најмалку 10% од граничните премини.

Во првите 60 дена, земјите членки ќе можат да го користат „EES“ и без биометриски функции, а по три месеци, системот треба да биде функционален со биометрија на најмалку половина од граничните премини.

До крајот на овој транзициски период, земјите членки ќе продолжат со рачно печатење на патните исправи.

Регулативата за воведување на системот „EES“ не определува точен датум за почетокот на примената, бидејќи тоа бара посебна одлука на Европската комисија.

„ETIAS“ ќе ви бара 7 евра дозвола за влез во ЕУ

Законодавците се согласија дека во периодот на постепеното стартување на EES, земјите членки ќе имаат можност делумно или целосно да го сопрат системот на одредени гранични премини во исклучителни околности – на пример, доколку дојде до преголем метеж и долг временски застој.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во март ја одобрија ревидираната патна карта за воведување на т.н. интероперабилна архитектура – систем на поврзани ИТ-алатки за гранично управување и спроведување на законот.

Според оваа патна карта, усвоена од управниот одбор на агенцијата „eu-LISA“ (задолжена за ИТ-инфраструктурата), постепената примена на „EES“ ќе започне во октомври 2025 година, додека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе стартува во последниот квартал од 2026 година.

Следната година, за летување во Грција, ќе мора да имате оваа дозвола

Системот „ETIAS“, кој исто така ќе се применува и за граѓаните на Западен Балкан, ќе бара добивање патна дозвола за влез во ЕУ, која ќе чини седум евра.

Системот EES ќе го применуваат следните држави:

-Австрија

-Белгија

-Бугарија

-Хрватска

-Чешка

-Данска

-Естонија

-Финска

-Франција

-Германија

-Грција

-Унгарија

-Исланд

-Италија

-Летонија

-Лихтенштајн

-Литванија

-Луксембург

-Малта

-Холандија

-Норвешка

-Полска

-Португалија

-Романија

-Словачка

-Словенија

-Шпанија

-Шведска

-Швајцарија

Во Кипар и Ирска, пасошите и натаму ќе се печатат рачно.

Овластување за патување преку „ETIAS“ ќе бараат сите земји што го применуваат „EES“, како и Кипар, наведува B92.net.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер