Нема нови информации 24 часа по изјавата на Спасовски за приведени 5 лица поврзани со Вања

24 часа откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека се приведени 5 лица кои се поврзуваат со исчезнувањето на 14-годишната Вања, од полицијата нема никакви нови информации...

Не е познато, дали тие се задржани или веќе се на слобода, ниту пак каква е нивната врска со случајот... По одговорите трагаше Мирјана Мирчевска Јовановиќ...

Мими, денеска е 7-от ден од потрагата по Вања... Вчерашниот ден даде некаква надеж, но јавноста повторно е оставена во исчекување... Што велат од полицијата и Јавното обвинителство?

Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција.

Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

„Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва“, додаде Зеленски.

- Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.

- Сега е важно сè да не оди според планот на Путин, според кој тој сака да стори сé што е можно за да ги претвори преговорите во билатерални (со САД ), рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, важно е САД и Украина да подготват план за ставање крај на војната пред да разговараат со Русија.

Зеленски инсистира на средба со Трамп пред американскиот претседател да се сретне со Путин. Ова доаѓа и покрај тоа што Трамп вчера изјави дека очекува да се сретне со рускиот лидер во иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Украина најави дека работи на организирање средба меѓу Зеленски и Трамп, но засега ништо конкретно не може да се соопшти.

Зеленски додаде дека во телефонскиот разговор со Трамп не разговарал за прашањето за членство во НАТО, иако рекол дека знае дека САД се против оваа идеја.

Украинскиот претседател, исто така, се обиде да го минимизира значењето на повикот на Трамп до Путин вчера пред средбата со него, велејќи дека се чини дека тоа не е знак за вистинските приоритети на Вашингтон, но додаде дека сепак е „непријатен“./МИА

Стоилковиќ: Тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ за судството се мали скрипти,а на СДСМ се огромни томови

„Судскиот совет воопшто нема да беше споменуван во јавноста доколку си ја вршеше добро својата работа.“

Моменталните околности кај нас не се погодни за спроведување операција од пошироки размери. Најавите за промена на грбот само ќе предизвикаат да се направи спирала на дестабилизација и да се отворат многу прашања.Судскиот совет, воопшто нема да беше споменуван во јавноста и во медиумите доколку си ја вршеше добро својата работа. Тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ за судството се мали скрипти, а на СДСМ се огромни томови. Притисокот на Премиерот во однос на корупцијата е сериозен, најважно е да се знае дека тој ќе пружи рака - да знае дека ќе му биде отсечена. Многу лесно се излегува од игра, светот станува многу брз особено за политичарите, рече Иван Стоилковиќ во Само Интервју

Павле Трајанов во понеделник во „На кавга со Иван“

Отсекогаш ме фасцинирала сензацијата, феноменот на Павле Трајанов, односно неговата парапсихолошка состојба да предвиди која коалиција/партија ќе победи на следните избори.

И да, точно е, во понеделник на 17.02.2025 год. во 23.00 ч. “на кавга со Иван” се враќа на нашата програма , а честа да ја отвори втората полусезона му припадна на “вечниот” Павле.

Бич член на МК верзијата на “8мината на Оушн” а кратко време беше прв “пендрек” на Македонија се дур ЉуБчо не одлучи да го отстрани.

Го сметаат за голем познавач на безбедносните прашања, за љубител на нафтата но е и признат меничар.

Аххх, да…во некои македонски езотерични политичко-медиумски кругови има прекар на едно убаво нежно цвеќе…

Да не се лажеме, јас да сум на ваше место ни на сон не би ја пропуштил “кавгата” со Павле.

Кој знае што ќе извади за мене, м?

#macedonia #kanal5tv #television #debate #quarrel #kavga

притисни ентер