Нема договор за минимална плата,предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува во Владата

Синдикатите, работодавачите и Владата и денеска не се договорија за зголемувањето на минималната плата. 

Нема договор за минимална плата,предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува во Владата

Заеднички е оценето дека постоечкиот модел на усогласување на минималната плата не е добар за ниту една страна. Од Владата најавуваат дека ќе го разгледаат новиот предлог на Бизнис конфедерацијата за да се субвенционира зголемувањето на минималната плата од страна на државата по што следната недела повторно се очекува да продолжат разговорите.

Предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе биде разгледан во понеделник на седница на Економскиот совет при Владата.

– Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија денеска дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до опдредено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа ќе значи. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за Владата предлогот да го покриеме одредено зголемување на минималната плата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата.

Битиќи останува на ставот дека треба да се најде одржливо решение преку консензус меѓу трите социјални партнери.

– Едностраното решение нема да даде резултат. Мораме да продолжиме да дискутираме и да најдеме одржливо решение кое ќе генерира еднаш за секогаш да заборавиме да зборуваме за минимална плата. За жал во нашата држава 13,8 проценти од работниците се приматели на минимална плата, а просекот во Европската унија е три проценти. Ние треба да зборуваме како да го намалиме овој просек, истакна Битиќи.

Во изјавата за медиумите, Битиќи порача дека работниците ќе добијат одржливо решение кое ќе им гарантира не само годинава највисока минимална плата, туку и следните години.

– Зголемена минимална плата ќе има. Дали ќе биде 18.000 или поголема од 18.000 денари ќе се дефинира на Економско-социјалниот совет, нагласи Битиќи.

За синдикатите, нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е најприфатлив. Не се задоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на нивна страна.

– Очигледно дека работодавачите си гледаат само за нивните фирми, за нивниот капитал. Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите, а Владата излезе со одлична анализа која кажува дека моделот што го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив и опстоен во идните години. Ја охрабрувам Владата цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што го бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Работодавачите сметаат дека нивниот модел е најприфатлив. Според нивните пресметки, минималната плата би требало да изнесува нешто над 16.300 денари.

– Нашата проекција предвидува долгорочно поприфатливи услови за сите работници отколку оние што ги дава синдикатот. Како компании работиме на долг рок и сите наши планови ги правиме на долг рок и сметаме дека од денес за утре платите на работниците не вродува со сигурност за нивното работење, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Јадранка Трајкоска.

Од Министерството за труд и социјална политика излегоа со соопштение по средбата во која нагласуваат дека социјалниот дијалог продолжува следната недела со цел да се најде најодржливо системско решение.

– Овој предлог бара дополнителна анализа, со цел да се утврдат фискалните импликации кои би го предизвикале предложеното решение. Затоа беше договорено социјалниот дијалог да продолжи следната недела, со цел да се дојде до приближување и изнаоѓање на најодржливото системско решение, кое ќе даде резултат на долг рок, се наведува во соопштението.

Синдикатите бараат зголемување веднаш зголемување на минималната плата од 18.000 денари поради зголемените животни трошоци и енергетската криза.

Остануваат на ставот за генерален штрајк и најавата за собир пред Собранието на 10-ти февруари за кога е закажана пленарна седница на која се ставени предлог измените на Законот за минимална плата, поднесени од Левица.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер