НЕЛТ и УНИЦЕФ ќе склучат партнерство за унапредување на стручното образование

НЕЛТ и УНИЦЕФ ќе склучат партнерство за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.

НЕЛТ и УНИЦЕФ ќе склучат партнерство за унапредување на стручното образование

НЕЛТ и УНИЦЕФ во Северна Македонија денеска ќе склучат ново партнерство, со цел на учениците во стручните училишта да им обезбедат можности за практично учење со фокус врз јакнење на зелените вештини.

Како што информираат од УНИЦЕФ, со иницијативата ќе се подобри вработливоста на учениците од стручното образование и обука при што тие подобро ќе се подготват за пазарот на трудот. Оваа партнерство е дел од глобалното партнерство за зајакнување на образовните системи во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, кое ќе се прошири и на Ангола во 2026 година.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се обратат Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министер за образование и наука, Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија и Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт СТ Македонија.

Приведени двајца возачи кои удриле пешаци во Скопје

 Двајца возачи кои вчера со возила удриле пешаци во Скопје се лишени од слобода, а возилата им се одземени.

Приведени двајца возачи кои удриле пешаци во Скопје

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот И.С.(45), затоа што вчера околу 21:50 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

-Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка, велат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што вчера околу 17:30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението.

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој ќе управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин.

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој ќе управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена администрација во Украина.

Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа рече дека треба да се смета како опција ставањето на Украина, која тој ја нападна во 2022 година, под администрација на Обединетите нации за да се овозможи одржување нови избори во земјата.

- Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели, рече Путин за време на состанокот со војниците на нуклеарна подморница во базата во Архангелск.

Како што пренесе ДПА, целта е да се одржат демократски избори на кои на власт ќе дојде влада способна да дејствува за мировен договор.

- Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни, рече Путин.

Руската влада постојано се обидуваше да го дискредитира легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Редовниот мандат на Зеленски заврши во мај 2024 година, но не може да се закажат избори поради воената состојба која е во сила веќе три години. Путин, исто така, постојано се повикуваше на нацистички слики и реторика од Втората светска војна за да ја оправда инвазијата на Украина, и покрај фактот што Зеленски е Евреин.

Украинскиот парламент во февруари усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори во услови на тековниот конфликт би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди учество на војници и раселени цивили.

На меѓународно ниво, Зеленски и понатаму е признат како претседател.

Путин, исто така, повтори дека Русија претпочита мирно решение на конфликтот со Украина, „но не на нејзина сметка“.

Тој рече дека е подготвен да преговара – вклучително и со Европејците, но истакна дека Русија нема да биде измамена.

Во воена смисла, рускиот претседател еднаш рече дека е сигурен дека Москва ќе победи. Руските сили веќе зазедоа 99 проценти од Луганската област и повеќе од 70 отсто од областите Доњецк, Херсон и Запорожје, кои Москва исто така ги анектираше.

Парламентарните партии се договорија: Гренланд денеска добива нова влада

Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во  отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.

Парламентарните партии се договорија: Гренланд денеска добива нова влада

Четири од петте партии избрани во парламентот на Гренланд се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од вкупно 31 место во законодавниот дом.

Договорот треба да биде потпишан денеска, пишува весникот „Сермитсијак“, повикувајќи се на Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократите, најголемата партија во парламентот.

Договорот доаѓа во време кога претседателот Трамп ги засили своите напори да добие контрола над Гренланд.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигнува на Гренланд каде ќе ја посети американската вселенска база Питуфик.

По изненадувачката победа на неговата централнодесничарска партија на изборите на 11 март, Нилсен рече дека сака да формира најширока можна коалиција за да помогне во отпорот на притисокот на САД. Конечниот договор исклучува само една партија, Налерак, која во понеделникот излезе од преговорите за коалиција.

Гренланд има богати наоѓалишта на минерали и се протега на стратешки воздушни и поморски патишта во време кога САД, Русија и Кина се обидуваат да позиционираат на Арктикот.

притисни ентер