Нелоски: Шилегов со парите на скопјани купува едно противпожарно возило со скала по цена на две

Дали ова не е судир на интереси? Алармот за злоупотреби е вклучен на најсилно, а ЈО не реагира.

Мрзеливиот и арогантен градски апаш Петре Шилегов набавил едно противпожарно возило со скала по цена на две такви возила. Како добавувач на возилото се јавува фирма од Будимпешта под името „Хороскоп", каде капитално е поврзана и „Армор плус", преку нејзиниот косопственик од Хрватска каде косопственик е и зетот на секретарот на Град Скопје, десната рака на Шилегов.

Дали ова не е судир на интереси? Алармот за злоупотреби е вклучен на најсилно, а ЈО не реагира.

Мрзеливиот градски апаш Шилегов го купил противпожарното возило со скала за 1.723.621 евра. А, додека пак Град Загреб купил идентично такво возило, од истиот производител по цена од 794.052 евра плус ДДВ, односно речиси дупло повеќе од вредноста на хрватската скала сме платиле ние скопјани.

Тоа се околу 900.000 евра повеќе, почитувани. Каде и во чиј џеб завршиле овие пари?

Цената на возилото кое го набавил Шилегов е скоро двојна поголема од цената која Град Загреб ја платил за истото возило. Оттука залудни се сите обиди на Шилегов за правдање дека плаќал дополнителна опрема. Која е таа дополнителна опрема која чини повеќе од самото возило со скала? Ова не држи ни дотолку логика заради фактот што и возилото во Загреб е целосно опремено и функционално.

Дополнителната опрема која Шилегов ја спомена на македонската скала, ја има и хрватската. На пример тоа е заштитна корпа. Од фотографиите од набавката на хрватската скала јасно се гледа дека таква корпа има и скалата која е купена за 930.000 евра помалку од таа во Скопје. Значи Петре лаже.

ВМРО-ДПМНЕ не ја спори потребата од набавка на скала, но спори тоа што таа е скоро 900.000 евра поскапа од онаа во Загреб, која што е речиси идентична.

Мрзеливиот градски апаш Шилегов да ги даде документите на увид за јавноста да види дел по дел колку е платена секоја единечна ставка.

Очекуваме не само ДКСК, туку и ЈО да се вклучи и да отвори истрага. Сомнежите за злоупотребиасе огромни. Јавноста мора да добие одговори, но и да има одговорност, за тоа како мрзеливиот градски апаш Шилегов со парите на скопјани купува едно возило по цена на две, односно повеќе од двојно го преплаќа?!

Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет

ЕМА почна со испитување лек против коронавирусот

По еден ден откако Европската комисија ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со континуирано испитување на еден лек, објави денеска Комисијата.

Тоа е сотровимаб, моноклонално антитело развиено за лекување на болеста ковид-19.

„Континуираната студија иницирана од ЕМА ќе ја процени ефективноста на сотровимаб во спречување на хоспитализација и смрт, неговата безбедност и квалитет“, наведува Комисијата.

Континуираното тестирање е побрзо од редовното бидејќи податоците се анализираат веднаш штом ќе пристигнат.

Ако ЕМА го препорача овој лек на крајот од студијата, Комисијата многу наскоро ќе го одобри.

Европската комисија вчера ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до октомври оваа година, со можност уште два да бидат одобрени до крајот на годинава.

Слично на развојот на вакцините, Комисијата најавува дека ќе инвестира во истражување и иновации, во идентификување на нови ветувачки лекови и зголемување на производствените капацитети. Ова вклучува заедничка набавка на лекови и создавање портфолио на ветувачки лекови, како и потпишување на пред-договори со производителите, како што е направено со вакцините covid-19.

Комисијата објави дека ќе создаде портфолио од 10 потенцијални лекови против ковид-19 и до јуни годинава и ќе ги идентификува петте најперспективни.

Досега во Европската унија е одобрен само еден лек против ковид-19, ремдесивир. Светската здравствена организација заклучила дека ремдесивирот не е ефикасен кај потешките форми на ковид-19.

Мицкоски - Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос, се наведува во партиското соопштение..

На средбата се разговараше за актуелните во случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ги реафирмираше позициите за членство во ЕУ и истакна дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал.

Мицкоски потенцираше и дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, премногу се доцни со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

притисни ентер