Неколкумина приведени и 50 осомничени за детска порнографија по рацијата на италијанската полиција

Италијанската полиција започнала голема рација во 15 региони против лица осомничени за вмешаност во детска порнографија.

Според новинската агенција „Анса“, извршен е претрес во домовите на 50 осомничени на возраст од 19 до 55 години, за време на кои биле уапсени најмалку три лица. Еден осомничен е веќе во притвор.

Инспекторите, чија работа е координирана од градските власти во Торино, испитуваат поседување и размена на детска порнографија и ја испитуваат злоупотребата на малолетни лица.

Претходно познат случај им помогнал на властите да ја прошират мрежата на осомничени, пренесува Анса.

Според извештаите на медиумите, истражителите имаат ужасни слики од злоупотребени деца. Осомничените, наводно, ги разменувале меѓународно преку интернет платформи.

За време на неколкумесечната истрага, италијанското судство соработувало и со канадскиот координативен центар за спречување на злоупотреба на деца (NCECC).

Во Софија повторно демонстрантите со шатори го блокираа сообраќајот

Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа повторно поставиле шатори  и го блокирале сообраќајот на најмалку три места.

Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. Никој не е приведен во текот на ноќта.

Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.

„Подготвеноста да се жртвува социјалниот мир во името на политичкиот опстанок е чин на досега невидена политичка ескалација за време на бугарската транзиција. Кризата на бугарската демократија не може да се реши со репресивни и полициски мерки, може само да се продлабочи“, наведе Радев.

Тој смета дека оставките на Владата и на јавниот обвинител ќе бидат првиот чекор кон враќањето на Бугарија во владеењето на правото и демократијата.

24

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада предводена од СДСМ

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија.

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.

Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

СДСМ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

притисни ентер