Неколку сантиметри снег на Попова Шапка, за скијачката сезона подготвени сите седум ски-лифтови

 Прва поголема снежна покривка на скијачкиот центар Попова Шапка има од ноќеска, но сепак не е доволна се уште за почеток на скијачката сезона, информираат од друштвото Попова Шапка. 

Во летниот и есенскиот период, уверуваат дека се работело на унапредување на состојбите за скијање.

-Имаме прва посериозна снежна покривка, но се уште е рано да се прогнозира кога ќе почне скијачката сезона. Во изминатиот период отстранет е дефектот кој минатата година беше на жичарницата Церипашина и таа ќе може да се користи оваа сезона. Така, на располагање ќе бидат сите ски лифтови и жичарници се сервисирани и ремонтирани. Скијачките патеки се обновени и поставена сигнализација како и нивно обележување. За скијачите се изградени и два бачила за одмор каде ќе има кафе, чај и сендвичи. Тие се на патеките Поток 1 и Поток 2 и на патеката Ге, информира Живко Алексовски, раководител на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка.

Скијањето на Попова Шапка оваа година ќе биде поскапо.

-Ски карти имаат зголемени цени затоа што и има глобално зголемување на цените на голем број влезни продукти за нашите услуги. Воедно годинава ќе се наплаќа и за користење на новиот шестосед чија употреба лани беше промотивна и бесплатна, информира Алексовски.

Според најавите доколку има доволно снег, скијачите ќе имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница. Нивниот хотел Славија работи постојано, а другиот објект Попова Шапка ќе се активира со официјачниот почеток на ски-сезоната.

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

притисни ентер