Неколку десетици луѓе во Кина се заразени со нов вирус, го пренесуваат глодари

Неколку десетици луѓе во Кина се заразени со нов вирус од животинско потекло наречен Лангја, изјавија научниците кои во оваа фаза го исклучуваат ризикот од пренесување од човек на човек.

Вирусот Лангја, хенипавирус (LayV), предизвикува симптоми кај луѓето како треска, замор, кашлица, гадење и главоболка.

Научниците шпекулираат дека ровка, мал цицач со зашилена муцка, можеби била животното што го олеснила преносот на луѓето. Инфекции се регистрирани во провинциите Шандонг на истокот на земјата и Хенан во централниот дел на Кина. Во Кина, 35 луѓе се заразени, според извештајот објавен на почетокот на август од New England Journal of Medicine (NEJM), водечки медицински журнал во Соединетите Американски Држави.

Пациентите, главно фармери, немале близок контакт или изложеност на патогенот, се нагласува во студијата, која претпоставува спорадична инфекција кај луѓето. Некои развиле абнормалности на крвните клетки, додека други имале нарушена функција на црниот дроб и бубрезите, се вели во извештајот.

Лангја првпат бил откриен во 2018 година, но овој пат вирусот може официјално да се идентификува благодарение на системот за откривање на акутна треска и историја на изложеност на животните. Во оваа фаза, научниците сметаат дека е прерано да се коментира можното пренесување на LayV од човек на човек, со оглед на малиот број случаи.

Потребни се повеќе истражувања за подобро разбирање на болестите поврзани со вирусот, според научниците од Кина, Сингапур и Австралија кои помогнаа во пишувањето на извештајот. Досега не се идентификувани сериозни или фатални случаи кај пациентите со Лангја, изјави за Глобал Тајмс вирологот Линфа Ванг од Медицинскиот факултет Дјук-НУС во Сингапур, еден од авторите на извештајот.

Град им нудел милиони на луѓе за да се доселат, но имало бизарен услов- никој не се јавил

Градот Каинан во јапонската префектура Вакајама смислил необичен план за привлекување жители, а понудата вклучувала и финансиска помош за новодојдените.

Стратегијата била дизајнирана за 2021 година, но за кандидатите имало услов - тие да го носат презимето Сузуки.

Како „родно место“ на Сузуки, било одлучено да се игра на таа карта, а посебно се мислело на 750.000 граѓани кои го носат тоа презиме и живеат во Токио и соседните префектури (Чиба, Саитама и Канагава).

Најавено е дека секое семејство што ќе се пресели ќе добие по 1 милион јени (6.300 евра), како и исто толку за секое дете под 18 години, пренесува The Guardian.

Меѓутоа, две години по започнувањето на кампањата, објавени се поразителни резултати.

„Потврдувам дека никој со презиме Сузуки не се преселил во Кајнан. Едно лице се распраша, но не отиде подалеку од тоа“, откри Томонари Фуџита, шеф на канцеларијата за развој.

Покрај паричната стимулација, на луѓето очигледно не им делувал и слоганот дека со преселбата „ќе се поврзат повторно со своите предци“.

Забележано е дека кланот Сузуки се преселил во денешен Кајнан за време на периодот Хејан (794-1185).

„Гледаме сериозен пад на бројот на жители. Мислевме дека со кампањата ќе привлечеме луѓе со презимето Сузуки, но се чини дека имало и други пречки“, изјави Фуџита.

Официјалните лица се надеваат дека новиот хотел, чија изградба ќе биде завршена во 2024 година, ќе ги инспирира граѓаните со презимето Сузуки да дојдат и да се поврзат со местото на нивното потекло.

Наредните два месеца во Грција ќе се игра фудбал пред празни трибини

До 12 февруари 2024 година, на навивачите ќе им биде забранет влез во натпреварите од фудбалската Суперлига во Грција.

Ова го соопшти портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Ова е конкретен чекор во борбата против хулиганите, кои со децении вршат насилство на трибините.

Последниот инцидент беше виден во четвртокот кога полицаец беше тешко повреден за време на нередите на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Во таа прилика полесно се повредени десетици полицајци, а уапсени се најмалку 400 хулигани.

Оваа одлука важи и за европските натпревари, па ТСЦ во четврток ќе игра против Олимпијакос без присуство на публика.

Израелците со падобрани им доставуваат вода на своите војници во Газа (ВИДЕО)

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција.

Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат, објави Телеграф.

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија “, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, додава тој.

притисни ентер