Неизвезноста од енергетска криза ја зголеми побаравачката на огревно дрво

Дрва за огрев нема ни за лек. Стравот од рестрикции поради енергетската криза, ги натера граѓаните спасда бараат во огревното дрво.

Од складиштата кои ги контактираше Канал 5 велат дека побарувачката нагло се зголемила.Никој не сакаше да зборува пред камера, но ни потврдија дека се соочуваат со недостиг, повици од граѓани има многу, но дрва нема.Сепак тврдат дека промени во цените на кубик дрво нема. Се движат од 3 илјади денари па нагоре, во зависност од тоа што вклучува пакетот кои го нуди фирмата: цепење, транспорт, редење.

Според нив, како една од причините за недостигот се и големите пожари што ја зафатија земјава...

Но, проблем нема само со дрвата. Голем дел од граѓаните се греат и на печки за пелети, а недостиг има и таму. Фирмите кои ги контактиравме, велат дека изминатиов месец сите залихи им се потрошени, побарувачката расте, а производството е се помало. Проблем се јавува и поради намалениот увоз.

„Сите залихи ни се потрошени, складот ни е празен, а побарувчка има голема. Цените се поскапи за 15%, поради зголемените трошоци кои ги имаме. Ако летоска една вреќа ја продававме за 160 денари, сега веќе чини 185 денари. Како ќе се движат цените понатаму не би знаеле..“ велат за Канал 5 од една компанија.

И додека граѓаните стравуваат, од Владата деновиве смируваа. Кризна состојба во енергетиката не се прогласи.Уверуваат дека има доволно производтство и рестрикции за домаќинствата нема да има. Сепак потврдија дека земјава произведува само 50% од потребните количини. Цената на струјатаза домаќинствата се гарантира до Нова Година, а што ќе биде понатаму нема информација.

За спас од кризата, се пуштија двата блока на РЕК Битола, се бара јаглен за да се активира и третиот блок, а преку јавен повик ќе се бара и мазут за ТЕЦ Неготино.

Големи ценовни шокови не се очекуват, сепак надлежните веќе најавија дека доколку дојде до рестрикции – прво ќе се гаси уличното осветлување, а во игра е и помош за граѓаните.

„Само Вистина" со Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ. 

Погледнете ја вечерашната „Само Вистина“.

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

 „Новиот сој може да ја влоши ситуацијата“.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

притисни ентер