Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. 

Регионалниот центар за управување со кризи - Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.

- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.

Од ЦУК и денеска алармираат за внимателност при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се вози внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

- Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, нагласуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 1.677 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.

- „Реални“ повици биле 56,59 отсто, а 43,41 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,43 проценти, кон Итната медицинска помош - 30,04 отсто, а кон пожарникарите - 1,58 проценти од реалните повици, додаваат од ЦУК.

Хјундаи го претстави суперавтомобилот на водород (ФОТО)

Hyundai е подготвен да го пушти во производство својот прв суперавтомобил со погон на водород.

Како што пишува јужнокорејскиот весник Korea Economic Daily, суперавтомобилот би требало да пристигне во 2026 година и да се произведува во ограничени количини.

Наводно, суперавтомобилот внатрешно се нарекува N74 и се развива со погон на задните тркала. Станува збор за купе со две врати со врати со вертикално отворање и дизајнерски карактеристики кои неодоливо потсетуваат на првиот автомобил на Hyundai - Pony Coupe од 1974 година.

Концептниот модел развива 680 КС, а серискиот модел наводно ќе испорачува најмалку 776 КС. Споменатиот јужнокорејски весник наведува дека N74 од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 3 секунди.

Hyundai планира да произведе само 200 примероци помеѓу 2026 и 2028 година. Тестирањето на прототипот е планирано за август, а се очекува еден да чини околу 338.000 евра.

N74 би послужил за соборување на рекордот на иконата Нирбургринг во категоријата сериски автомобили, што нема да биде лесно бидејќи Mercedes-AMG One го помина кругот за само 6 минути и 35,183 секунди. Суперавтомобилот на Hyundai може двапати да заврши цел круг пред да остане без енергија.

Така, изгледа дека Hyundai не цели кон профит со ова, туку да докаже дека водородот може да биде возбудлива технологија.

Јужнокорејската компанија веќе докажа со Ioniq 5 N дека електричните автомобили со батерии можат да бидат возбудливи.

Ако им се верува на документите, Hyundai сака да го направи тоа повторно со возило со високи перформанси напојувано од водородни горивни ќелии.

Протест за Палестина и на Оксфорд- десетици уапсени по судирот со полицијата (ВИДЕО)

Британската полиција денеска уапси десетина студенти на Универзитетот Оксфорд, а со некои од нив влезе во физичка пресметка за време на пропалестинскиот протест во кампусот.

Групата Оксфорд Акција за Палестина (ОА4П) соопшти дека администрацијата на универзитетот повикала полиција откако студентите почнале да протестираат во канцелариите на администрацијата, како што се случи во другите кампуси во Британија, САД и на други места во светот од почетокот на конфликтот во Газа.

Од полицијата велат дека се запознаени за настанот, а повеќе информации ќе дадат подоцна.

Администрацијата на универзитетот се уште нема официјален коментар, а претходно најави дека го почитува правото на слобода на изразување во форма на мирни протести.

Снимките објавени од ОА4П на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу полицајци и студенти кои седеле на патот блокирајќи полициско комбе кое наводно превезувало приведени.

Демонстрантите бараа Универзитетот да ги прекине врските со компаниите поврзани со Израел, кој е во војна со палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

„Јасно е дека администрацијата претпочита да ги приведува, замолчи и физички да ги нападне своите студенти, наместо да се соочи со нејзиното олеснување на геноцидот што Израел го спроведува во Газа“, објави групата на X.

Демонстрантката Кендал Гарднер, студент по политички науки на Оксфорд, рече дека полицијата ги извлекла студентите од патот.

„Наидовме на екстремно насилство и непријателство“, изјави таа за Ројтерс.

Расте бројот на жртви при уривање на бина на изборен митинг во Мексико, загина и дете (ВИДЕО)

Најмалку девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 50 други се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во северната мексиканска држава Нови Леон, изјави локалниот гувернер.

Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија, во близина на Монтереј.

Мајнез беше неповреден во уривањето и е виден како зборува со приврзаниците по инцидентот. Неколку членови на неговиот тим се повредени, рече тој.

Уривањето на бината беше предизвикано од ненадеен налет на ветер, рече Мајнез во објавата на X.

Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога се урна светлосната структура додека неколку луѓе беа на сцената.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Мајнез им мавта на своите поддржувачи, а потоа трча додека дел од структурата се урива.

Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради грмотевици и силни ветрови во областа.

„Ако можете, избегнувајте да излегувате бидејќи има бури и необични ветрови. Ќе ве известувам“, напиша тој на X.

Реагирајќи на веста за инцидентот, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека испраќа „прегратка до членовите на семејствата, пријателите на жртвите и политичките поддржувачи“.

притисни ентер