НБА: Мајами се избори за мајсторка во големото финале

Кошаркарите на шампионот Мајами на домашен терен дури по продолженија го совладаа Са Антонио со 103 -100 и го израмнија резултатот во големото НБА финале на 3-3 во победи.

Искусниот тим на Сан Антонио утринава пропушти можност да ја прослави петтата шампионска титула во клупската историја.
Мајсторката која ќе одлучува за новиот шампион во НБА се игра во Мајами во четврток.

Херој на триумфот на Мајами е ветеранот Реј Ален , кој најпрво од многу тешка позиција на 5 секунди пред крајот на регуларниот тек со тројка го израмни резултатот, а потоа во последните секунди од продолжението не му дозволи на Ману Џинобили да реализира за триумф на Сана Антонио.
Кај поразените Спарски најдобар играч беше ветеранот Тим Данкан , кој уште во првите две четвртини имаше постигнато 25 поени, но сепак Тони Паркер со уште една маестрална партија ,со пет поени во низа во последните минути направи резултатски пресврт кој на крајот сепак беше недоволен за титула.

Сан Атонио одигра три одлични четвртини , но во последните 12 минути експлодираше Леброн Џејмс , ѕвездата на жешките не дозволи Спарси да слават на Флорида

Сан Антонио во последните 30 секунди имаше предност од 5 поени за потоа Леброн со тројка да го врати Хит во живот, а промашените слободни фрлања на Џинобили и Ленард да овозможат херојки поени на Ален.
Џејмс на крајот мечот го заврши со нов трипл –дабал од 32 поена, 11 асистенции и 10 скока , Чалмерс постигна 20 поени, двоцифрен ефект имаа и Вејд и Бош со 14 односно 10 коша.

Кај поразените Спарси , Данкан оствари 32 коша, и 17 скока , Паркер имаше 19 коша и 9 асистенции ,а одлично одигра и Ленард со 22 поени и 11 скока.
НБА шампионот ќе биде познат во четврток по мајсторката во Мајами, традицијата е на страната на домаќините, седмиот натпревар за последен пат една гостинска екипа го добила во далечната 1978 година , кога Вашингтон го доби Сиетл .


Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер