НБА: Мајами го одбрани шампионскиот трон, Леброн МВП

Кошаркарите на Мајами ја освоија третата шампионската титула во клупската историја во НБА , откако во мајсторката го совладаа Сан Антонио со 95-88 и ја добија финалната серија со 4-3 во победи.



Маестралниот Лебон Џејмс со 37 поени, 12 скока и 4 асистенции го водеше Мајами до четвртиот триумф над Сан Антонио во финалната серија, со што жешките го одбранија шампионскиот трон во НБА.

И мајсторката како и претходните мечеви резултатски беше израмнета до самиот крај, ниту еден тим не успеа да изгради предност поголема од 7 поени, Сан Антонио до 30 секунди пред крајот имаше резултатски приклучок.

Според добрите познавачи на случувањата во НБА лигата ова беше најинтересната, најизедначената и најдобрата финална серија во последните 10 години во најсилното светско кошаркарско првенство.
Инаку покрај Леброн Џејмс одлична партија во тимот на Мајами одиграа и Двејн Вејд со 23 поени и 10 скока и изненадувањето Шенон Батие со 6 погодени тројки за 18 поени.

Кај поразениот Сан Антонио Тим Данкан имаше 24 коша, 12 скока и 4 украдени топки. Но капитенот на Спарси во последната четвртина невообичаено промаши четири шута од позиција од која е успешен со 90 % , што сигурно уште долго ќе го памети. Легендарните предводници на Сан Антонио Тим Данкан и Грег Поповиќ по прв пат во кариерата по 4 освоени титули ,загубија една финална серија.

Тони Паркер блесна во првата четвртина со 10 поени , но во продолжението не постигна ниту еден ко, трагичарот од шестиот меч ,Ману Џинобили мајсторката ја заврши со 18 коша и 5 асистенции, но повторно во клучните мигови имаше три загубени топки.

Beta/AP

На крајот сосема заслужено лидерот на старо новиот шампион Мајами, Леброн Џејмс кој во мајсторката нетипично за него постигна серија поени со шут од дистанца ,го доби МВП признанието за најкорисен кошаркар на финалето. Леброн финалната серија ја заврши со просек од 25,3 поени, 11 скока и 7 асистенции, и се израмни со легендарниот Мајкл Џордан со тоа што освои две титули во низа, две МВП награди во сезоната и две МВП награди во финалето на плеј офот.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер