НБ: Намалените побарувања доведоа до зголемување на нето надворешниот долг на крајот на март

Бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка, според објавените податоци, забележаа намалување од 195 милиони евра и изнесуваат 5.188 милиони евра.

На крајот на првиот квартал од 2020 година, Бруто надворешниот долг со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка на крајот на првиот квартал изнесува 8.127 милиони евра и забележа квартален пад од 64 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка, според објавените податоци, забележаа намалување од 195 милиони евра и изнесуваат 5.188 милиони евра.

Според Народната банка поголемото квартално намалување на побарувањата во однос на обврските доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 130 милиони евра, со што на крајот на март 2020 година тој изнесува 2.938 милиони евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во првиот квартал произлегува од зголемениот приватен и јавен нето-долг, за 99,односно 31 милион евра.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2020 година,

изнесува 6.650 милиони евра или 60,8 отсто од проектираниот БДП за 2020 година. Од овој износ, според податоците, најголемиот дел или 86 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 75 отсто се врз основа на сопственички капитал.

Бруто надворешниот долг, на крајот на март од 2020 година, изнесува 8.339 милиони евра

или 76,3 тсто од БДП и бележи квартално зголемување од 148 милиони евра или за 1,8 отсто.

Од Народната банка појаснуваат дека доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто-долгот бележи квартално намалување од 64 милиони евра.

-Оваа квартална промена е резултат на намалениот јавен долг за 234 милиони евра во услови на раст на приватниот долг за 170 милиони евра. Кварталното намалување на јавниот долг (без специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка) главно е резултат на намалениот долг на секторот „држава" (за 228 милиони евра), како и на падот на долгот на јавните банки и јавните претпријатија (за 6 милиони евра). Растот на приватниот надворешен долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 140 милиони евра), небанкарскиот приватен сектор (за 24 милиони евра) и приватните банки (за 6 милиони евра), наведуваат од Народната банка.

Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2020 година, изнесуваат 5.401 милион евра или 49,4 отсто од БДП и остварија квартално зголемување од 18 милиони евра или за 0,3 отсто. Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се намалени за 195 милиони евра.

На 31.3.2020 година, нето надворешниот долг изнесува 2.938 милиони евра или 26,9 отсто од БДП. Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2020 година е зголемен за 130 милиони евра или за 4,6 отсто. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 69 отсто.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) во текот на првиот квартал од 2020 година е зголемена за 257 милиони евра и изнесува 6.650 милиони евра, што претставува 60,8 отсто од проектираниот БДП за 2020 година.

Кварталното зголемување на негативната нето МИП речиси во целост произлегува од зголемените обврски (за 251 милион евра), а во помал обем и од намалувањето на средствата (за 6 милиони евра). Гледано по инструменти, стои во објавената информација, нето-обврските врз основа надолжнички инструменти бележат зголемување за 130 милиони евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се зголемени за 127 милиони евра./МИА

Пленковиќ и ХДЗ со убедлива победа на изборите во Хрватска

Официјалните резултати покажуваат дека во моментов најголем број места во хрватскиот парламент освои ХДЗ – 67 на чело со досегашниот премиер Андреј Пленковиќ .

Големо изненадување и далеку послаб резултат од очекувањето освои опозициската коалиција на централно-левичарскиот Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која според најновите податоци освои 41 места.

Предизборните анкети предвидуваат изедначен резултат, а некои дури и победа за СДП.

Татковинското движење на пејачот Мирослав Шкоро моментно има 16 освоени мандати.

Десниот Мост има 8, додека лево зелената коалиција Можемо има 7 места во Саборот.

Гласовите на дијаспората, сите три ги освои ХДЗ на Пленковиќ.

За формирање на мнозинска влада се потребни најмалку 76 пратеници во Саборот.

Шахпаска од Пробиштип: ДА, денес подобро се живее со повисока минимална и просечна плата ,повисоки пензии и зголемена социјална помош за 300%

„Денес можам гордо да ве гледам и да зборувам за сериозниот  исчекор  што го направивме , каде бевме и каде стигнавме денес.

Од заробена држава со широко распространета корупција, држава во која не постоеше слобода на медиумите туку постоеше цензура. Држава во која граѓаните за да функционираат мораа да ја поседуваат партиската книшка на ДПМНЕ. Држава во која имаше нарачани судски пресуди и избрани судии од тефтерчето на Гордана. Држава во која постоеше дискриминација по секој основ." -истакна носителката на ИЕ 3 , Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Пробиштип.

„Денес сме полноправна членка на НАТО сојузот, правна и праведна држава кое што ни го гарантира новиот Закон за јавно обвинителство, според кој секој кој се огрешил ќе одговара пред законот. Се врати слободата на говор и полека но сигурно ја враќаме довербата кај граѓаните кон институциите . Денес сме држава која веќе ја доби и преговарачката рамка и за време на германското претседателство ќе добиеме почеток на преговори за влез во ЕУ". –посочи Јагода Шахпаска .

Таа се осврна и на мерките кои беа реализирани изминатите три години, а кои значат обезбедување на подобар животен стандард на сите граѓани. Таа ја посочи реформата во пензискиот систем , редовната исплата на пензиите и нивни раст.

„Домаќински и одговорно минатата година заштедивме 3.7 милијарди денари и беше исплатена пензија без потреба од позајмица од централниот буџет. За нецели три години пензиите пораснаа за 1700 денари. Ако 2016 година кога дојдовме на власт просечната пензија беше 13.800 денари, сега таа е 15.500 денари". –истакна Шахпаска.

Како понуда за следниот мандат Шахпаска го посочи покачувањето на минималната пензија за 21% ,односно да нема пониска пензија од 10.700 денари.

Таа се осврна на воведувањето на државната социјална пензија од 6.000 денари, за лицата кои по никаков основ не исполнуваа право за редовна пензија. Тоа го искористија 6.600 пензионери.

Грижата за возрасните граѓани ја остваривме и преку укинувањето на квотите за лекови,па сега нема повеќе гужви пред аптеките, ниту недостиг на лекови.-рече Шахпаска.

Таа зборуваше и за вложувањето во здравствениот систем, покачувањето на платите на докторите кои пораснаа за 40% ,а другиот медицински персонал и здравствени работници до 23%. Вработени 780 доктори, 1.000 медицински лица и 5.000 согласности.

На прашањето на Мицкоски што денес им го постави на граѓаните во Прилеп „Дали подобро се живее"? -можам да кажам дека ДА ,подобро се живее со покачена минимална плата на 14.500 денари, со просечна од 27.300 денари, со повисоки пензии за 1.700 денари, со зголемена социјална помош од 300 %.-рече Шахпаска.

Таа на крајот ги повика граѓаните гордо и достоинствено почитувајќи ги протоколите за заштита на здравјето да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

Затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро !, се наведува во соопштението на СДСМ.

Николовски од Пробиштип: Ние сме на автопат, ВМРО-ДПМНЕ е во нивните темни подруми, ние сме за европска, а тие за режимска иднина

Генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ  3 на Коалицијата „Можеме"  Љупчо Николовски, вечерва од трибината во Пробиштип оцени дека СДСМ води модерна европска кампања во која нема црни спотови,нема темнина.

Има идеи, разговори за еколошка и иновативна земја, за решавање на прашања кои досега не биле отворени.

„Ние зборуваме за новиот развој, за новата македонска економија, за родовата еднаквост, за заштита на животната средина, за отворање на нови работни места, за враќање на младите на Истокот, а ВМРО-ДПМНЕ ги покажуваат тие спотови на згрбавени луѓе, така како што тие ги замислуваат нашите сограѓани. Покажуваат спотови на темните простории во нивните подруми кои асоцираат на провизии, тендери, местенки. Ние сме на автопат, тие во нивните темни подруми. Ние сме за европска Македонија, тие за режимска Македонија во која царуваат криминалот стравот, корупцијата", рече Николовски.

Тој нагласи дека денеска изборот на граѓаните е лесен, а тоа го потврдуваат сите истражувања на јавното мислење.

„Сите истражувања на кредибилни светски агенции потврдуваат дека граѓаните се за напред, за развој, за иднина и ја поддржуваат оваа Програма која ја пишувавме 11 месеци. Ништо нема да ги спаси. Огромно мнозинство на 15 јули ќе гласа за оваа модерна, најголема и најразнолика Коалиција „Можеме", рече Николовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер