Навални од затворот во Москва, најверојатно е префрлен во казнен логор

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални е префрлен од московскиот затвор и моментално не се знае каде се наоѓа, изјавил денеска неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Кобзев за новинската агенција Интерфакс изјавил дека сакал да го види Навални, кој бил во притвор во Москва, но му било кажано дека опозицискиот политичар е пренесен некаде.

„Не ми беше кажано каде е префрлен, веројатно во казнен логор“, рече Кобзев.

Првично, немало потврда од официјалните власти.

„Фактот што не знаеме каде е сега и што се случува со него ја потврдува големината на заканата“, напиша на Твитер, сојузникот на Навални, Леоник Волков, кој живее во странство.

Навални требало да биде испратен во казнен логор, откако московскиот суд во саботата ја потврди затворската казна.

Неговите адвокати веруваат дека тој би можел да биде ослободен летото 2023 година, земајќи го предвид времето поминато во притвор и во домашен притвор.

Навални претходно бил осуден за кршење на условната слобода бидејќи се опоравуваше од труење во Германија.

По враќањето во Русија, Навални веднаш беше уапсен и приведен пред да биде осуден по итна постапка. Таа казна е критикувана како политички мотивирана.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер