Наумовска: Тешко е преку ноќ да изградиме идеален систем за учење од далечина

 Работна група формирана од Министерството за образование и наука го направи нацрт-концептот за учење од далечина, со цел да се изгради најдобар модел за е-настава која поради пандемијата е веројатно дека ќе продолжи и од септември.

Изработката на нацрт-документот, кој МОН го објави на својата веб-страница во понеделникот (Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава), е иницирана од промените во начинот на реализација на воспитно-образовниот процес на глобално ниво поради пандемијата, а е отворен за предлози и сугестии од сите засегнати страни заклучно со денеска.

Според заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, рокот за забелешки е краток затоа што е кратко и времето до почетокот на учебната 2020/2021 до која останува уште околу еден и пол месец, а целта на МОН е да се избере најдобриот модел.

На онлајн-дебата што беше емитувана на Факултети.мк, Наумовска кажа дека рамката која е понудена од работната група предвидува активности кои почнуваат во овие месеци, но онлајн-наставата подобро да се органзира во второто полугодие, па и во наредните учебни години.

– Работиме на модели кои ќе бидат преодни. Како ќе отпочне наставата и кој од тие модели ќе биде земен во предвид или кои модели ќе се применуваат во одредени подрачја и реони од нашата држава, ќе зависи од моменталната состојба со КОВИД-кризата во септември и во наредните месеци, рече Наумовска.

Во изработата на нацрт-концептот биле вклучени повеќе субјекти – претставници од образовни установи, наставници, директори, но и од невладиниот сектор, организации и фондации.

– Нацрт-концептот е неколку дена на јавна расправа бидејќи ние сме отворени за мислења и идеи на наставниот кадар, на јавноста и експертите како концептот да стане подобар. Нема ништо идеално, имаме голем број предизвици, пред нас се економски потешкотии, како и во другите земји, и многу е тешко преку ноќ да се изгради иделаен систем за учење од далечина. Брзо треба да реагираме, затоа е краток рокот што го даваме за јавна расправа бидејќи сакаме по завршување на изборниот процес навремено да излеземе пред родителите и наставниците за и самите училишта да се подготват за новата учебна година, истакна Наумовска.

Додаде дека Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и претставници на УНИЦЕФ и на граѓанскиот сектор веднаш почнале да работат на подготовка на концептот за учење од далечина. Притоа нагласи дека со предизвикот за справување со ситуацијата и влијанието и последиците што таа го има врз образованието се соочуваат и многу поразвиени држави од нашата и, како што рече, се нашле затекнати од пандемијата.

Во онлајн-дебатата што беше организирана синоќа заменик-министерот за здравство Арменд Арслани рече дека невозможно е сега да се предвиди каква ќе биде состојбата со заболени од КОВИД-19 за месец и половина. Но нема, рече тој, да се дозволи ризик за учениците и наставниците.

– Во септември се очекува уште покомплициран бран поради сезонскиот грип. Информациите ги следиме на дневна база, сѐ ќе зависи од епидемиолошката состојба пред почетокот на септември, посочи Арслани.

Тие што се заинтересирани за предлози за објавениот нацрт-концепт можат да ги пратат уште денеска на мејлот [email protected] и да придонесат, како што соопшти МОН, во подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ.

– Концепцијата треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и средните училишта од 1 септември 2020 година, преку приспособување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност, велат од Министерството за образование и наука.

Поради опасност од ширење на заразата со КОВИД-19, наставата во 2019/2020 од средината на март до крајот на учебната година во јуни беше реализирана онлајн и со учење од далечина преку различни е-платформи.

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

притисни ентер