Научен собир на МАНУ за Димитрија Чуповски

„Македонското име, јазик и култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво, универзално право на македонскиот народ.“

На собирот на МАНУ по повод денот од формирањето на Македонското научно-литературно другарство во Петроград во 1902 и 80-годишнината од смртта на неговиот претседател Димитрија Чуповски, претседателот на Академијата Љупчо Коцарев предложи идната година МАНУ да го одбележува овој датум како зародиш на постоењето на Академијата.

Истакна дека формирањето на Македонско-научното литературно другарство во Петроград (денешен Санкт Петербург) е настан кој симболично го означува почетокот на македонската современа научна мисла. Роденденот на МАНУ се одбележува на 9 октомври, денот кога е основана во 1967, но Коцарев смета дека по примерот на други академии, од идната година на 28 октомври да се одбележат 119 години на Академијата бидејќи нејзината историска основа е во Македонско-научно литературното другарство кое во Петроград го формирала македонската емиграција.

Се заблагодари за придонесот на академик Блаже Ристовски, проучувач на делото на Чуповски и Мисирков, нагласувајќи дека со своите темелни истражувања проникнал во историјата на Македонија и македонскиот народ.

– Македонското име, јазик и култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво, универзално право на македонскиот народ. Парадоксално и, за жал, дел од овие права ги загубивме во потрага по античкото минато, а дел во името на европска иднина. Време е за национален консензус за сите овие прашања… Се надевам дека ќе најдеме сили да излеземе од состојбата во која се наоѓа дел од македонскиот народ – поделеност, разнебитеност и разочараност, со цел достоинствено, но не по секоја цена да продолжиме во Европа, истакна претседателот на МАНУ.

Се осврна и на уште еден значен датум во октомври – Денот на народното антифашистичко востание на 11 октомври 1941, за кое рече е камен-темелник, меѓа за самобитност и самостојност, но дека, за жал, сведоци сме, како што рече, на негирање на овој настан и на постоењето на македонскиот народ и на осободителниот антифашистички карактер на востанието.

– Тоа е востание на Македонците против ропството на Бугарија која на денот на востанието била сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија и ја окупирала територијата што се нарекувала Вардарска Бановина како дел од Кралството Југославија. Најголемиот дел од населението на Вардарска Бановина на денот на окупацијата од Бугарија се чувствувале како Македонци, рече Коцарев, додавајќи дека современата македонска држава е помлада од македонскиот народ.

Академик Катица Ќулавкова, раководител на научноистражувачкиот проект „Димитрија

Чуповски (1878 – 1940)", во чии рамки се организираше собирот, се осврна на периодот од 1878 до 1918, како што рече, епските и драматични времиња за Македонците, говореше за македонската интелигенција во емиграција, за подвигот на постпреродбениците Пулевски, Мисирков и Чуповски, што го нарече „клучен исчекор од стапицата на пропагандната и психолошка инвазија на Македонците кон зоната на слободата".

Посочи дека поимањата на Чуповски на македонството, неговите чувства, зборови и дела се единствена целина и не се откажал од своето државјанство на Отоманската Империја само зашто не сакал да прими државјанство ни на Бугарското Кнежество, оти не се чувстввал Бугарин, ни се пронаоѓал во бугарската кауза која, како што рече, „се сметала за заокружена само доколку ја приграби и Македонија во своите граници, дури и не толку географски, колку етнички, јазично и историски".

-Се работи за три култни начела поврзани со идентитетот, територијалниот и етничкиот интегритет на Македонија и нејзината политичка автономија. Другарството ги промовира во својата дипломатска дејност овие три врховни начекла – идентитет, интегритет и автономија. За да се оствари таа цел, ако не може одеднаш, тогаш постапно, Другарството доаѓа до заклучок дека во почетната фаза Македонија би требало да има признат статус на рамноправен дел на балканското семејство на народите, па дури и во составот на некоја федерација, рече Ќулавкова.

Додаде дека македонската парадигма на Другарството од Петроград и денес е актуелна и опоменува, како што рече, дека не смеат да се прават отстапки во однос на македонскиот идентитет ни по однос на македонската етничка, јазична и културна територија која ги надминува границите на актуелната држава.

– Затоа што барањата за такви отстапки се нелегитимни и непримерени за научните, демократските и цивилизациските дискурси. Ако работи според законот по кој е основана, МАНУ не би требало да дозволи да биде употребена како покритие на ексклузивни, ненаучни и прагматично-политички цели, истакна Ќулавкова.

На собирот беа одбележани 120 години од почнувањето на активностите за формирање на Македонското научно-литературно друштво во Петроград (1902-1917) односно две години пред неговата регистрација, 80-годишнината од смртта на Димитрија Чуповски (с. Папрадиште, Велешко, 8.11.1878 – Ленинград, 29.10.1940) и 30-годишнината од пренесувањето на неговите мошти од гробиштата кај црквата „Александар Невски" во Санкт Петербург во могилата на Градските гробишта во Скопје. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер