Учениците ќе учат од соодветни материјали доколку доцнат учебниците по новите програми

Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН за МИА велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

– На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и тие треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, ракописот со измените повторно се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената, информираат од МОН.

Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

Лефков: Се подготвува нов пишан документ со Бугарија

Дебакл на дипломатијата - се подготвува нов пишан документ со Бугарија кој ќе содржи нови обврски за Македонија.

Распродажбата на националните и државните интереси не престанува. СДСМ продолжува со концесиите кои ги дава на Бугарија.

Откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017-та година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија.

Имено, министерот за надворешни работи во службената влада на Бугарија, Николај Милков најави дека ќе има нов писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различните институции во односите со Македонија. Ова значи дека написмено ќе се уредат сите тие како што ќе кажат “обврски“ за Македонија и тие обврски ќе се однесуваат за македонските институции.

Ете до каде не дотера измеќарскиот менталитет на Ковачевски и СДСМ. Ова е погазување на суверенитетот на Македонија. Немањето на стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат “систематски пристап“ , со цитирам “ јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“.

Она на кое што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ и на кое предупредуваа експертите во Македонија, за жал сето ова станува реалност. Кусогледоста и измеќарлукот на Заев, а сега и на Пендаровски и Ковачевски доведоа до тоа Македонија да добива нови и нови уцени, нови барања и задачи. Затоа кажавме дека прифаќањето на “Предлог“ кои огромното мнозинство на граѓаните не го прифаќаа, води или до бесконечни преговори или до асимилација по бугарски диктат. Бугарија јасно порача дека во преговарачката рамка за Македонија историјата е составен дел, сиротата министерка за култура веќе најавува цензура на културното творештво, а со новиот пишан документ ќе се предвидат и нови обврски за Македонија.

Сега после еден месец од историскиот успех кој што го најави Ковачевски се случува нов дебакл и нов пишан документ со задачи. Овој документ ќе биде основата на која Бугарија ќе го оценува напредокот по нивни терк и според кој ќе одобрува или не продолжување на преговорите. Каде се сега Османи, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски да кажат што содржи овој пишан документ кој го најавува бугарската дипломатија? Пак ли ќе се кријат и ја доведуваат Mакедонија пред свршен чин.

За да престанат предавствата и газењето на македонските национални и државни интереси мора да се случат избори, мора да се случи референдум на кој народот јасно ќе каже дали е за или против ваквата измеќарска и понижувачка политика на Ковачевски и СДСМ.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУ го „подзатвори“ вентилот за гас

Планот на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас низ целиот блок за 15 отсто стапува на сила денеска, откако во понеделникот беше објавен во официјалниот административен весник на ЕУ.

На 5 август, земјите-членки на ЕУ формално усвоија итен план за намалување на потрошувачката на гас за да заштедат гориво за зимата поради неизвесноста со руските испораки, и покрај противењето на Полска и Унгарија на конечната верзија на законот.

Договорот бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, при што Европската комисија може да го прогласи тоа како обврска во вонредни околности, иако со одредени исклучоци за одредени земји и индустрии. Сите земји освен Унгарија и Полска го одобрија договорот, давајќи му сила на законот, објави минатата недела Чешка, која е актуелно претседавач со ЕУ.

Регулативата наведува дека земјите од ЕУ „ќе вложат максимални напори“ да ја намалат потрошувачката на гас од август оваа година до март следната година за „најмалку 15 проценти“ во однос на нивната просечна потрошувачка во претходните пет години. Доколку Европската комисија забележи „сериозен недостиг на гас“ или исклучително висока побарувачка за гас, може да побара од земјите на ЕУ да прогласат општа вонредна состојба во блокот. Со тоа намалувањето на потрошувачката на гас ќе биде задолжително, со ограничени исклучоци.

притисни ентер