Фото: Таа го има најубавиот задник меѓу жените на фудбалерите

Сопругата на американскиот фудбалер Џордан Појер, убавата Рејчел  од Бафало Билс постојано привлекува внимание со разголени фотографии и понекогаш нема граници во тоа што го објавува.

Рејчел често ја разгорува машката фантазија со еротски фотографии. Секако, ова и носи огромен профит, а пристигнаа и нови фотографии од Ибица.

Додека нејзиниот сопруг е со тимот на предсезонски тренинзи, Рејчел ужива на Ибица. Таа ги објави и првите фотографии кои очекувано изгледаат многу атрактивно.

„Помина премногу време. Време е за селфи во огледало“, рекла Рејчел.

Двајца Палестинци убиени, 30 ранети во израелски напад во градот Наблус на Западниот Брег

​ Во денешниот напад на израелската војска во Наблус на окупираниот Западен Брег на реката Јордан се убиени двајца Палестинци, меѓу кои и командант на военото крило Фатах на бригадата на мачениците од Ал Акса.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во нападот се повредени најмалку 30 Палестинци.

Во рација на израелската полиција во станбена населба во стариот дел на Наблус дошло до размена на оган, при што бил убиен Ибрахим ал-Набулси од бригадата на маченицита од Ал Акса и уште еден палестински борец. За време на рацијата имало интензивни оружени престрелки, а израелските сили со веони возила го блокирале сообраќајот во градот. Судири имало и во други делови на Наблус, каде Палестинците фрлаа камења по војниците.

Стариот град Наблус на северниот дел на Западниот Брег е палестинска територија која е под окупација на израелската армија од војната во 1967 година.

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за Македонија и Бугарија

„Сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол“.

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада.

Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори.

Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Министерство за надворешни работи

притисни ентер