Наскоро и САД се отвораат за посетители , но само од одредени земји

Некои патници од Европа наскоро ќе можат да патуваат во Соединетите држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој рече дека Соединетите држави планираат да се „отворат“ за патниците кои доаѓаат од земји со низок ризик во Европа и други земји. Тоа значи дека многу Европејци наскоро ќе можат да планираат одмор во САД или службени патувања, објави магазинот „Форбс“.

Патниците од сите земји на ЕУ, како и од Велика Британија и Ирска, не можат да патуваат во Соединетите држави од 13 март, не само нивните граѓани, туку и сите други што останале таму. Сепак, Трамп најави дека ограничувањата наметнати на патниците од Европа може да бидат наскоро укинати.

Тој посочи дека ова може да се однесува на земји каде ризикот од ковид-19 е мал.

"Онаму каде што ќе започнат да напредуваат, ние ќе се отвориме. Но, само таму каде што напредуваат ... Тие напредуваат добро. Како ние", рече Трамп.

Три возила учествуваа во несреќата на патот Штип-Радовиш кај патоказот за село Љуботен

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за несреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев повредени se 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место несреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата. /МИА

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгиев за МИА вели дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за КОВИД-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден. /МИА

Фото: Најзгодната медицинска сестра на светот!!

Лорен Дреин Каган е медицинска сестра, фитнес модел и персонален тренер. 

Атрактивната русокоса станала светски позната кога ги објавила своите мемоари како член на контроверзната „ Westboro“ баптистичка црква.

Атрактивната Лорен има повеќе милиони фанови на социјалните мрежи, секако поради својот изглед.

За многумина од нејзините фанови таа е „најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм“. На оваа социјална мрежа Лорен има повеќе од 4 милиони следбеници.

Иако понекогаш Лорен работи и 13 часа на ден, секогаш наоѓа време за интензивен тренинг со кои ја одржува својата совршена става.

притисни ентер