Народниот правобранител и граѓанските организации потпишаа меморандум за лицата со попреченост

Граѓанските организации денеска, на Денот на лицата со попреченост потпишаа меморандум со народниот правобранител

Граѓанските организации денеска, на Денот на лицата со попреченост потпишаа меморандум со народниот правобранител. организациите се дел од националниот механизам за мониторин на почитување на меѓунаридната конвензија за заштита на правата на овие лица.

Амбасадорот Марковски учествување на меѓународен собир во Тирана посветен на јазиците

Прво, македонскиот јазик многу одамна е присутен и се говори во Албанија од страна на Македонците кои што живеат на овие простори.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана организираше меѓународен собир на тема „Перспективите на странските јазици и култура во албанскиот контекст“ на кој учествуваа амбасадори и културни аташеи од петнаесетина држави.

Амбасадорот на Република Македонија, Данчо Марковски зборуваше во однос на перспективите на македонскиот јазик и култура.

- Кога говориме за македонскиот јазик и култура во албански контекст потребно е да имаме во предвид неколку значајни компаративни факти кои ќе ни овозможат полесно да дојдеме до саканиот одговорот и заклучоци: Прво, македонскиот јазик многу одамна е присутен и се говори во Албанија од страна на Македонците кои што живеат на овие простори, исто како што Албанците говорат албански јазик на просторот на Македонија. Од друга страна, овие две национални заедници говорат и македонски и албански, со оглед на близината на границата која само физички ги дели териториите на двете држави. Така било со години наназад, рече Марковски, информираа од Амбасадата.

Второ, според него, изучувањето на македонскиот јазик во образовниот систем на Република Албанија е воведен во основните и средните училишта веднаш по завршувањето на Втората светска војна во пограничните области на Гора, Голо Брдо и Мала Преспа.

Оцени дека слична е состојбата со албанскиот јазик во споменатиот период, но за разлика од Албанија во Македонија денес албанскиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование.

Додаде дека во Македонија постојат два државни и еден приватен универзитет, за разлика од тука каде што имаме ограничено основно и средно образование само во една општина Пустец.

Трето, демократските процеси овозможија интензивна билатерална соработка на сите полиња и значително патување и меѓусебна комуникација на населението во едната или другата држава.

Според Марковски, во последните години забележлив е трендот на културната соработка.

- Согледувајќи ја потребата за натамошно збогатување на овој вид соработка Северна Македонија пред скоро три години во Тирана го отвори Културно информативниот центар, чија улога е приближување на македонската култура пред албанската јавност. Постигнато е високо ниво на етаблираност за успешен развој на македонскиот јазик и култура, посочи тој.

Според него, потребно е да се исправи екстремниот дисбаланс во образованието.

- Но, во однос на образованието потребно е да се исправи актуелниот дебаланс, нешто на што убеден сум дека албанските образовни власти ќе поработат во блиска иднина. Во оваа смисла примерот на Факултетот за странски јазици искрено го поздравувам. Отворањето на класови во сите три степена на образование, како и давањето можност за воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во училиштата во голема мера ќе ја промени сегашната слика, изјави Марковски на споменатата активност.

Сопствениците на Ливерпул продадоа дел од акциите

Американската инвестициска групација „Фенвеј Спорт Груп“ (ФСГ) во чија сопственост од 2010 година е Ливерпул, објавија синоќа дека продала малцински удел од акциите на американскиот фонд „Дајнести Еквити“.

Приходот од оваа продажба ќе се искористи за намалување на долгот кој настана во текот на кризата предизвикана од Ковид – 19, за финансирање на инфраструктурни проекти, вклучувајќи и реконструкцијата на стадионот „Енфилд“ и јакнење на клупската позиција на фудбалскиот пазар.

Ливерпул не го соопшти износот на трансакцијата, но дел од англиските медиуми јавија дека станува збор за износ меѓу 100 и 200 милиони долари.

Сопственикот на ФСГ, Џон Хенри, ги уверуваше навивачите минатиот февруари дека клубот не е на продажба, но рече дека отворен за „нови инвеститори доколку тоа е во интерес на клубот од Ливерпул“. /МИА

Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна на грчкиот остров Евија

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. 

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

притисни ентер