Нападот врз лекар во Радовиш го осуди и Лекарската комора - Канал 5

Нападот врз лекар во Радовиш го осуди и Лекарската комора

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

Нападот врз лекар во Радовиш го осуди и Лекарската комора

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

- Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

Оттаму потсетуваат дека со измените на Кривичниот законик, донесени минатата година, „нападот на доктор и друг здравствен работник на работно место, се смета за кривично дело напад на службено лице, што значи дека против напаѓачот треба да биде поднесена соодветна кривична пријава по службена должност“.

- Јавно изразуваме очекување дека надлежното Јавно обвинителство, во овој случај, ќе остане на висина на својата задача и ќе постапи согласно Законот, без разлика на тоа кој е напаѓачот. Потенцираме и дека особено е важно докторите да не премолчуваат каква било форма на насилство, доживеана на работното место, туку веднаш да пријават во полиција, а известување да достават и до Комората, со цел да може активно да се следи постапувањето на надлежните институции и да се предлагаат мерки и политики за подобрување на состојбите, истакнуваат од Лекарската комора.

Тие, како што додаваат, ги охрабруваат пациентите, во случаите кога не се задоволни од квалитетот на здравствената услуга, тоа да го пријават во соодветна постапка, согласно законски прописи, бидејќи само така, се истакнува во соопштението, ќе можат да се утврдат вистинските причини за настанување на некоја состојба или ситуација и да се најде решение за нивно надминување.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%, и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер