Темата на првиот час, како и на секој почеток од учебната година беше како го поминале летниот распуст.
Од она што можевме да го забележиме, многу од децата имаа проблем да се приклучат на платформата, па ја користеа алатката Мајкрософт Тимс. Но сепак поради се уште не доволно познавање на алатките од страна на децата, тие на наставата успеаја да стигнат со помош на своите родители.
Сара сепак е дел од децата што имаат среќа да имаат компјутер и интернет, па може наставата макар и со проблеми да ја следи он-лајн.. Но, има 40.000 деца кои воопшто немаат услови ниту за тоа, па часови ќе гледаат на МТВ..
Во таква ситуација е осмодделенката Ана Марија, која во моментов нема интернет, а ниту телефон и компјутер, додека пак и телевизорот не им е од помош бидејќи немаат стабилен сигнал. За нејзината мајка, Радица, единствена надеж е што поскоро отворање на училиштата за сите деца..
-Поголемата ќерка не може да следи настава, затоа што нема ни интернет, ниту телефон. И на поголемите и на помалите им недостасува училиштето, сакаат да одат, сакаат да се дружат, да учат, но кога е веќе таа работа, ќе мора онлајн, а немаат ни телефони ни интернет, нема како да учат, вели Радица Зафирова родител на Ана Марија.
Кога ќе се создадат услови за нормална настава, надлежни не сакаат да шпелукираат, велат дека во секој случај ќе се следат препораките од Комисијата за заразни болести.. Дотогаш, Сара и Ана Марија ќе мора да учат од дома – едната преку компјутер, друагата преку телевизија.