И годинава, како лани, учениците нема да можат да се израдуваат на петките во свидетелставата во јуни. Наместо сега, тие ќе се делат во август. Вакви инструкции, преку допис од Бирото за развој на образование добиле директорите на училиштата, а според првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, веројатно, пак доцни тендерот за набавка.
-Веројатно повторно има проблем со тендерот, или можеби, не знам, со печатењето. Од таа причина претпоставувам, свидетелствата ќе задоцнат. Доаѓаат и годишните одмори, па и наставниците ќе бидат на одмори, па од апсект на состојбите, дефинитивно свидетелставата ќе бидат издадени во август. Во ваква ситуација, сметам дека учениците не треба многу да бидат загрижени. - Јаким Неделков – Претседател на СОНК.
За сите учениците што се запишуваат во средно училиште или на факултет сепак, имало свиделства, а сега ќе добијат само оние што имаат итна потреба поради преселба или продолжување на образованието во странство.
Од надлежната институција, Бирото за развој на образование, не гледаат проблем што ќе се доцни со доставата, па во одговорите за Канал 5 се повикуваат на законите за основно и средно образование, каде е наведено дека учебната година трае до 31 август. Оттаму сметаат дека немаат обврска, сега да ги достават свидетелствата.
-Училиштата ќе бидат дополнително контактирани за времето и начинот на дистрибуција на потребните свидетелства. Со ваквиот начин и организација на доделување на свидетелствата не се создава никаков проблем, туку Бирото согласно сите законски процедури и рокови спроведува транспаретна набавка за печатење на целата педагошка документација, започната уште од месец февруари 2022 година. - Биро за развој на образование.
Канал 5 побара одговори и од Министерството за образование и наука, дали од сега ќе стане пракса секоја година, во август да се делат свидетелства, но оттаму нема образложенија.