Наместо автомобили , Сеат почна со производство на респиратори, по 100 дневно

Шпанскиот производител на автомобили Seat започна со производство на респиратори за пациенти со коронавирус, соопштија денес од компанијата.

„Денес, нашиот објект во Маторел (Каталонија) не произведува автомобили, туку респиратори кои помагаат при дишењето, како дел од соработката со здравствената служба, среде кризата со СОВИД-19“, соопшти Сеат на својата веб-страница.

Во Шпанија, вкупниот број на смртни случаи од коронавирус денеска достигна 13.798. Шпанија, по Италија, е земја со најголем број жртви во светот, со најмногу погодени се провинциите Мадрид и Каталонија.

Има 150 работници кои работат на производство на респиратори, кои се преместени од вообичаените работни места.

Компанијата произведува по 100 од овие уреди дневно и планира да го зголеми производството на 300 до крајот на неделава по добивањето одобрение од Министерството за здравство, објави весникот „Ел Паис“.

Шпанија се соочува со недостиг на санитарни материјали, така што разни компании ги реконструираат своите производни линии за производство на заштитни маски, костуми и средства за дезинфекција.

Во Шпанија, од 30 март, сите економски активности освен оние неопходните, како што се производство и дистрибуција на храна, електрична енергија и гас, се укинати за да се запре ширењето на коронавирусот.

Околу 47 милиони луѓе се наоѓаат во своите домови од 13 март и им е дозволено само да одат во продавници за храна, аптеки, болници, киосци, банки, бензински пумпи и да ги шетаат кучињата.

Денеска, дополнителни 5478 жители се заразиле и бројот на болни пораснал на 140.510. Ова е за 5,13 проценти повеќе од претходниот ден. Така, стапката на раст на заболените малку се зголеми бидејќи вчера изнесуваше 3,3 проценти.

Но, пред една недела, изнесуваше 10,8 проценти, што укажува дека вирусот се забавил бидејќи жителите се наоѓаат изолирани во своите домови.

Оваа недела парламентот треба да го одобри продолжувањето на вонредната состојба до 26 април, бидејќи конзервативците, најголемата опозициска партија, дадоа согласност.

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

притисни ентер