Намален бројот на заразени и починати од Ковид-19

​Намалување од 37,2 отсто на бројот нови случаи со Ковид-19 и намалување од 37,1 отсто на бројот на починати, регистрира Институтот за јавно здравје во вчера објавениот извештај за период од 3 до 9 мај.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk , бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

-Вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини против Ковид-19 во државава. Од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Со последните бројки 35 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, посочуваат од Министерството.

Оттаму информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата е 303.574 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски" во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил синоќа напиша дека добиле уште една добра вест од УНИЦЕФ, а тоа е дека на 14 мај ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедиле преку КОВАКС механизмот и ќе бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека". Вакцини, посочува министерот, ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период.

-Апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk , објави Филипче.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 171 случај со Ковид-19, 26 починати и 409 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројот на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а на активни случаи изнесува 10.308 од кои 4785 се во Скопје.

На инфективните одделенија во државава се лекуваат 701 пациент со Ковид-19 од кои 289 се во Скопје.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер