Намален бројот на тешки кражби и кражби на дрзок начин во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во Битола евидентира намалување на извршените тешки кражби,тешки кражби во обид и тешките кражби на дрзок начин.

За разлика од истиот период лани, годинава регистрирани се 414 тешки кражби помалку на подрачјето на Битола.

-Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција, постојаното присуство на полициски службеници на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за намалување на бројката на извршени кривични дела, со тенденција намалувањето да продолжи и во наредниот период, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Во СВР Битола во првите девет месеци од 2023 година на подрачјето на Битола евидентирани се вкупно 185 кривични дела - тешки кражби, тешки кражби во обид и тешки кражби на дрзок начин во споредба со 599 тешки кражби за истиот период минатата 2022 година, или 414 тешки кражби помалку од минатата година. Легитимирани биле 135 лица, извршен бил преглед на 4.244 лица и 1.355 патнички моторни возила.

-Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно Обвинителство Битола има поднесено вкупно 453 кривични пријави и тоа, 246 кривични пријави се поднесени од отсекот за општ криминал, 22 кривични пријави се поднесени од отсекот за компјутерски криминал, 62 кривични пријави се поднесени од отсекот за економски криминал и 52 кривични и 72 прекршочни пријави поднел од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје, информира Стаматова.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер