Најтажен ден досега во државата Њујорк , починале 732 лица

Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, ги претстави најновите информации за болните и починатите во таа држава.

Последните 24 часа се најлошиот период од почетокот на пандемијата во таа земја. Поточно, за 24 часа починале 732 лица, најмногу досега во овој период.

Вкупно 5489 луѓе починале од коронавирус во државата Њујорк.

Само во државата Њујорк, околу 138.836 луѓе се разболеле, додека само во градот Њујорк починале над 3.000 лица.

Повеќе од 1.000 луѓе починале во соседниот Њу Џерси.

„Полека го достигнуваме врвот“, изајви Куомо.

притисни ентер