СНЕЖНА ПОКРИВКА во 8 часот (во см)
55 Битола, 47 Крушево, 45 Тополчани, 40 Маврови Анови, 39 Ѓуриште, 37 Лазарополе, 32 Попова Шапка, 31 Пожаране, 30 Прилеп, Дебар, 23 Скопје Петровец, 19 Скопје Зајчев Рид, 18 Тетово, Берово, 14 Претор, 11 Охрид, Куманово, 10 Виница, 9 Штип, 6 Д.Капија, 4 К.Паланка, 1 Струмица.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во л/м2)
50 Претор, 36 Битола, 32 Д.Капија, 28 Крушево, 26 Дојран, 25 Пожаране, 23 Прилеп, 20 Маврови Анови, 19 Тетово, Струмица, 18 Скопје Зајчев Рид, 17 Охрид, 14 Скопје Петровец, Штип, 12 Куманово, Виница, 11 Берово, 7 К.Паланка.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-7 Маврово, Лазарополе, -5 Крушево, -4 Охрид, Куманово, Дебар, -3 Претор, -2 Прилеп, К.Паланка, Тетово, Берово, -1 Скопје-Петровец, Битола, Штип, 0 Скопје-З.Рид, Д.Капија, Струмица, Виница, 1 Дојран.
Времето во текот на ноќта и изутринава.
Oблачно со врнежи од снег, кои во втората половина од ноќта во западните и северните делови престанаа. Изутринава врнежи од снег има во источните делови. Дува слаб до умерен, а на повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.
Денеска претпладне променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, потоа сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.