Најмногу дожд во Битола 43 литри на квадрат, снег на Попова Шапка и во Крушево

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.

Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата. Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 14 степени.

Бо наредните денови наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

Снимен е моментот пред трагичната смрт на убавата инфлуенсерка Инеса (Вознемирувачко видео)

Девојка од Русија паднала од карпа и починала додека се обидувала да фотографира маж на платформа со поглед на Црното Море.

Сега се појави вознемирувачко видео од смртта.

Инеса Поленко (39) која работела како козметичарка, паднала од висина од 50 метри на плажата подолу.

Претходно беше објавено дека Инеса починала додека правела селфи. Сепак, на видеото се гледа дека Инеса паднала додека фотографирала човек со спектакуларен морски пејзаж зад себе, пренесува Daily Mail.

На видеото се гледа како таа прави чекор назад и ја губи рамнотежата, поради што паѓа преку работ. Немало ограда за да ја спаси.

Шокираниот маж, кој не е именуван, истрчал кон неа, но веќе било доцна.

Таа била пренесена во болница во Абхазија, каде се случила трагедијата.

Медиумите јавуваат дека лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал таа починала на одделението за интензивна нега истиот ден.

Била погребана во вторникот.

Поленко имала повеќе од 9.000 следбеници на Инстаграм. Таа често објавувала на социјалните мрежи од нејзините неодамнешни патувања низ светот - од Дубаи, Египет и Крим.

Истрагата за точните околности на смртта на 39-годишната козметичарка, која имала неколку клиенти и во Москва и во руското одморалиште Сочи, каде што живеела, е во тек.

Младоженец направи шокантен потег среде свадба: Невесто, барај документи за развод (ВИДЕО)

На многу свадби, невестата и младоженецот се хранат меѓусебно со свадбена торта, а додека некои тоа го прават на традиционален и пристоен начин, некои овој обичај го претвораат во шега - и претеруваат.

На видеото кое невеста го објави на социјалните мрежи може да се види како таа го мачка со парчиња торта лицето на нејзиниот нов сопруг, а тој по неколку секунди го прави истото – но на многу погруб начин што згрози многумина, објави Мирор.

Тој агресивно зел огромно парче торта и ѝ го фрлил во лицето на невестата.

@kelsboyd3 #cakesmash #nobodygotcake #smash #cakesmashchallenge #hedidntgetany #kingston #tennessee #barnofmaplecreek #johndeeergreen #ohno #rusticwedding ♬ Oh No - Kreepa

Во коментарите повеќето пишувале дека ова е првиот аларм дека во него се крие агресивна личност и дека треба да побара документи за развод.

Меѓутоа, по еден куп вакви коментари и предупредувања, невестата се вратила со образложение дека тоа се едноставно „тие двајца“ и дека тоа е нивна шега. „Извинете, но ова е друг вид на хумор, нашиот вид“, порачала таа.

Артета по шокантниот пораз на Арсенал: Сега е моментот

Каков викенд за Манчестер Сити.

Вчера Граѓаните го декласираа Лутон со 5:1 и, се чинеше, барем привремено го зазедоа првото место во Премиер лигата. Но, денеска се случија две мали чуда. Прво Ливерпул загуби дома од Палас со 1:0, а потоа и Арсенал со 2:0 на домашен терен од Астон Вила. Двата гола во Лондон дојдоа во самата завршница. Бејли прв погоди во 84-та, а Воткинс три минути подоцна.

Уште два пати гостинските играчи ја погодија рамката од противничкиот гол. Во 39. минута Воткинс ја погоди стативата, додека во 62. Јури Тилеманс ја погоди гредата. Голем број на шанси имаа и домашните, но не беа прецизни Каи Хаверц, Габриел Жесус, Леандро Тросард и Букајо Сака.

Сити сега е на врвот со 73 бода, додека Арсенал и Ливерпул имаат два бода помалку. Секоја екипа има шест натпревари до крајот.

„Две сосема различни полувремиња. Прво врвот, едно од најдобрите полувремиња што ги одигравме против врвен тим. Требаше да постигнеме три или четири гола. Можеби повеќе. Не успеавме и тоа се одрази во второто полувреме. Ни недостасуваше моментум, немавме проток како во првите 45 минути, а потоа примивме два наивни гола“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета по натпреварот, а потоа испрати порака до своите играчи да се вратат во играта за титулата и да ја спасат сезоната.

„Не можеме да контролираме што ќе прави Сити. Она што можеме да го направиме е да победуваме. Продолжете да победувате. Сега е моментот. По овој пораз мораме да реагираме. Првата можност да реагираме веќе во среда против Баерн во Лигата на шампионите. Тимот треба да се покаже таму. Ако сакаме да победиме, мора да ги надминеме овие ситуации.“

притисни ентер