Најмалку тројца загинати во серија лавини во Австрија

Најмалку три лица загинаа од вчера во серијата лавини во западна Австрија, соопшти полицијата.

Портпаролот на тиролската полиција изјави дека љубител на зимски спортови денеска загинал во лавина во Калтенбах. Според АПА, тој бил 17-годишен државјанин на Нов Зеланд.

Вчера 32-годишен Кинез загинал во ски-центарот Зелден. И двајцата биле надвор од падините.

Во соседниот регион Форарлберг утрово е пронајден мртов скијач. Тој е 50-годишен маж, а загинал во лавина во долината Клајнвалсертал, која граничи со Германија, јави АПА.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче. Видеото е од 17 март, а кафеавата мечка е убиена во синоќа во локалната шума.

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

притисни ентер