Најмалку тројца пациенти загинале во пожар во болница во Русија, се запалил респиратор(ВИДЕО)

Тројца пациенти во руска болница ги загубиле животите во пожарот што избувнал ноќеска, соопштија властите, а несреќата се сомневаат дека е предизвикана од респиратори.

Според истражната комисија во Рјазан, југоисточно од Москва, пожарот избувнал во 3:30 часот по локално време во одделот за интензивна нега на јавна болница во тој град со 500 000 жители.

"Три лица ги загубија животите во пожарот. Седум лица со знаци на труење и изгореници беа медицински згрижени", се вели во соопштението на истражната комисија.

Комисијата спроведува истрага за „небрежност со фатални последици“, додавајќи дека сè уште не е познато што го предизвикало пожарот.

Гувернерот на регионот Рјазан, Николај Љубимов, изјавил за јавната телевизија дека се запалил респиратор.

„Во просторијата во одделот за интензивна нега, пациент лежеше во сериозна состојба, поврзан со респиратор, што очигледно се запали“, рече тој, пренесуваат руските новински агенции. Тројцата мртви биле пациенти, додаде тој.

Во мај 2020 година, во два пожари предизвикани од респиратори загинаа шест лица во болниците во Санкт Петербург и Москва, по што тие руски респиратори престанаа да се користат.

Николај Љубимов додаде дека апаратот за дишење во болницата во Рјазан бил кинески, „без адаптер“, уред што штити од кратки удари и преголеми напони.


Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

Уапсен пратеникот кој физички нападна друг пратеник во грчкиот Парламент

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Уапсен е независниот пратеник Константинос Флорос, кој претпладнево физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос пред салата во која се одржува пленарната седница во грчкиот Парламент, а за нападот може да му биде изречена затворска казна до десет години, јави дописничката на МИА од Атина.

Флорос, кој на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, а неодамна ја напушти и стана независен пратеник, по предизвиканиот инцидент беше уапсен и пренесен во централната дирекција на грчката полиција и се товари за сторено кривично дело насилство врз пратеник при вршење на функцијата.

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Како што претходно објави МИА, за време на денешната пленарна седница во Парламентот постоела вербална расправија меѓу двајцата пратеници, по што во ходникот се претворила во физичка кога Флорос со тупаници го нападнал пратеникот Граменос од Грчко решение.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Малата радикално десничарска партија Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна, а Врховниот суд на Грција попладнево ќе ја соопшти одлуката дали партијата ги исполнува критериумите за учество на европските избори во јуни. /МИА

ДИК: Излезноста до 15 часот е 34,96%

До 15 часот своето право на глас го оствариле 34,96 проценти од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.

Досега гласале 566.073 лица. Најголем одѕив на гласачи има во Новаци, каде 57,69% го оствариле своето плаво на глас. Најслаба излезност е регистрирана во Центар Жупа, каде гласале само 13,11% од граѓаните.

притисни ентер