Најмалку шест лица изчезнале во силните дождови и свлечиштата на Алјаска (ВИДЕО)

Шест лица исчезнале во Хаинс, Алјаска, откако рекордни дождови предизвикаа свлечишта кои уништија четири куќи во планинската област на југоистокот на земјата, соопшти тамошната војска.

Според војниците, свлечиштето ја покрило областа со кал, дрвја и наноси, а армијата и полицијата ги евакуираа жителите со брод, додека потрагата по исчезнатите била прекината доцна синоќа „поради уривање на нестабилна земја“

Откако силната турбуленција спречила полетување, спасувачите, кучињата трагачи и медицинскиот персонал требало денеска да летаат од главниот град на Алјаска ,Џуно кон Хаин со хеликоптер на Националната гарда за да продолжат со потрагата.

Пребарувањето и евакуацијата ги обезбедува и американската крајбрежна стража, која соопшти дека испратиле екипаж со хеликоптер и брод до Хаинс.

Општинските власти на Хаинс, место каде живеат околу 2.500 луѓе, издале предупредување за итни случаи поради невремето кое започнало во понеделникот.

"Дождот се очекува да продолжи, а условите на земјата се нестабилни. Потенцијалот за дополнителни колапси и одрони во следните 24 часа е голем", се вели во известувањето.

Повеќе лизгања на земјиште, поплави и силен бурен ветер оштетиле и други делови на југоисточна Алјаска, објавија официјални лица и локални новински организации, а според Националната метеоролошка служба, невремето постави еднодневни рекорди на врнежи од дожд на повеќе места.

Предупредувањето за поројната поплава е сè уште во сила за Хаинс и другите места, а опасните услови остануваат низ југоистокот на Алјаска, се вели во соопштението на Националната метеоролошка служба.

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер