Најмалку осуммина загинати во напад со гранати во Кабул

Околу 23 минофрлачки гранати погодија различни делови на Кабул рано утрово, при што загинаа најмалку осум лица, а 31 се ранети, изјави официјалното лице.

Гранатите врз главниот град на Авганистан биле истрелани од два автомобила, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, чија цел бил дипломатскиот кварт Вазир Акбар Кан во Кабул.

Талибанците наскоро издале соопштение во кое негираат каква било одговорност за нападот. Исламската држава ја презеде одговорноста за неодамнешните напади во Кабул, вклучително и два разорни напади врз образовни институции во кои загинаа повеќе од 50 лица, повеќето ученици.

Непосредно пред минофрлачкиот напад, експлодира автомобил-бомба, при што загина припадник на безбедносната служба, а ранети се уште тројца.

Филијалата на Исламската држава во Авганистан објави војна на авганистанското шиитско малцинство и организира десетици напади откако се појави во 2014 година.

Насилството во Авганистан не се смирува, иако во тек се разговори меѓу талибанците и владините претставници за воспоставување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната по повеќе од четири децении. Преговорите во Катар се одвиваат многу бавно и покрај повеќекратните повици за намалување на насилството.

Османи ги собра шефовите на Амбасадите и Конзуларните претставништва за претстојниот попис

​Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис.

На состанокот присуствуваа и Директорот и заменикот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.

Османи информираше за законските надлежности на Министерството за надворешни работи посочувајќи на активната улога во спроведување на пописот на лицата упатени на служба во ДКП-та, како и обврската на дипломатската мрежа за поддршка на Заводот за статистика за информирање во врска со процесот на дијаспората.

"Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска", истакна Османи.

"Жалам што донесувањето на Законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нѐ доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи", посочи Османи.

Османи потсети и на новата реорганизација на Владата, каде што исклучителна надлежност за прашања поврзани со дијаспората, се префрли во рамките на надлежностите на МНР. Во таа насока Министерството за надворешни работи, ги прошири организациските капацитети на Министерството, преку креирање на дополнителна организациона единица за дијаспората, која ќе биде надлежна за сите прашања поврзани со нашите државјани во странство.

"Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Важно е да создадеме трајни услови за соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава", – потенцираше Османи.

Лицата кои имаат место на живеење во Република Македонија, а за време на спроведувањето на Пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, во периодот од 01 март до 15 март 2021 година, додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство ќе започне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година.

Жителите на Ѓорче Петров утре на протест против новиот ДУП

Ѓорчевци утре на протест. Од Иницијативата против урбано дивеење гневни дека за нив спорниот ДУП со кој се предвидуваа да никнат повеќе високатници, поминал на Седница на Општината.

Утрешниот протест го карактеризираа како знак дека нема да отстапат од борбата со урбаната мафија.

„Остануваме на нашите барања, немаме слух од институциите, така што одлучивме да направиме еден мирен протест, се со цел да ни се приклучат и сите граѓани кои што се засегнати со овој проблем со урбаното дивеење и со узурпирањето на Ѓорче Петров, со урбаниот хаос кој се случува. “ изјави Горан Костов, Иницијатива против урбано дивеење

Од Општината децидни дека промена во ДУП-от нема да има, бидејќи станувало збор за истиот од 2014тата година, но сега разработен, и воедно запазени сите закони. За градоначалникот на Ѓорче, Александар Наумоски пак утрешниот протест е чисто политиканство.

„Мора јадрото на Ѓорче да има некаков развој. Дадовме ние одредена висина на одредени места, на други места се намали, меѓутоа се заштити паркот, се зголеми функционалноста како на зеленилото, така и на јавните површини. Замислете некој што го донел претходно истиот ДУП, со иста бруто развиена површина, кој не ги средил имотно-правните во дел на сопственост, ние тоа го поправаме, и сега истите тие да се бунат. Тоа нема логика што го прават. Тоа е гола политика.“ изјавив Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Од Иницијативата велат дека се уште чекаат одговор за средба од министерот за транспорт Бочварски од кого бараат да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општината. Утре на пладне од Иницијативата ќе го блокираат сообраќајот кај кружниот тек пред црквата Св. Петар и Павле.

Стојаноска: Правдата за Мијалков донесена под притисок на јавноста

Времето ќе покаже какви се договори има Заев- Мијалков.

Го поздравуваме секој чин кој значи спроведување на правда, вклучително и оваа пресуда. Лошо е што поради криминалите на Мијалков во затвор заглавуваат и луѓе кои се колатерална штета.

Ова е пресуда донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор. Тоа е и причината поради која навидум пропадна првата фаза од договорот Заев - Мијалков со кој удрија шамар на правдата, иако постојат индиции дека можно е апелациониот суд да одлучи и поинаку каде Заев е познато дека има силно влијание. Таа жалбена постапка ќе трае околу една ипол година. Затоа оваа одлука околу која власта крева еуфорија е со цел да ги прикрие задколисните договори, чесно е да се каже дека таа не е правосилна се уште.

Воедно на осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата. Потсетуваме дека потребно е дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница денес осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев.

Правда мора да има. Договорите Заев - Мијалков не смеат да ја погребаат правдата.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер