Најмалку 27 исчезнати од траект во невреме кај Соломонските острови

Најмалку 27 патници од траект се водат како исчезнати во невремето кое ги погоди Соломонските острови.

Траектот, и покрај налетот на циклонот Харолд, ги превезувал жителите до нивните острови, што е една од мерките што ги преземаа властите на земјата во борбата против коронавирусот.

„На бродот имало 738 патници, вклучувајќи ја и посадата, но по пребројувањето е потврдено дека исчезнале 27 луѓе“, соопштија претставници на полицијата.

Очевидци рекоа дека силниот ветар и брановите ги однеле патниците од палубата. Соломонските острови се наоѓаа во југозападниот Пацифик. Имаат околу 600 илјади жители и досега ниеден случај на коронавирус.

притисни ентер