Најмалку 16 загинати во експлозија во Сомалија

Eксплозијата го уништила минибусот и 16 лица починале веднаш.

Најмалку 16 лица загинаа, а неколкумина се ранети кога експлозивна направа погоди минибус во близина на градот Балад, 30 километри северно од сомалиската престолнина Могадишу, соопшти денеска полицискиот офицер Али Дух во изјава за германската агенција ДПА.

Во минибусот, кој тргнал од Могадишу, се превезувале повеќе од 20 лица. Дух прецизираше дека експлозијата го уништила минибусот и 16 лица починале веднаш и дополни дека дел од телата се изгорени до непрепознатливост.

За нападот тој ја обвини терористичката милиција Ал Шабаб, која со години се бори за доминација во регионот. Терористичката група контролира големи територии во јужниот и централниот дел на земјата и постојано извршува напади врз цивили и безбедносните сили.

Реисот Шаќир Фетаи, упати честитка по повод Фитр (Рамазан) Бајрам

Со голема радост го очекуваме големиот празник Фитр Бајрам, празник на најголемите награди на годината. 

Празникот Фитр Бајрам е триумф на верата над неверството, на доброто над злото, на великодушноста над скржавоста, на солидарноста над понижувањето, на приближувањето едни на други над изолација и одвојување од другите, на мирот над конфликтот, на духовноста до материјализам и помирување над одмаздата; накратко: овој голем празник е симбол на исполнување на аманетот доверен од страна на Возвишениот Бог, вели Реисул Улема, Шаќир Фетаи, во честитката упатена до верцните од исламска вероиспове по повод празникот Фитр Бајрам.

– Со голема радост го очекуваме големиот празник Фитр Бајрам, празник на најголемите награди на годината. Овој ден претставува задоволство на Семоќниот Аллах за големата посветеност што ја покажавме во текот на месецот Рамазан, за време на кој со срце и душа, со висока свест и со целото битие, ги постевме деновите на Рамазан, покажувајќи ја во пракса непоколебливата врска со нашиот Створител. Ние ги реформиравме нашето размислување и личност, ги облагородувавме нашите души и срца, негувајќи ја високата свест за Господ, како и за човекот и светот околу нас, пишува Реисул Улема, Шаќир Фетаи.

Дел од честитка на претседателот на ИВЗ, Фетаи, се состои и од делови (ајети) од Светата книга Коранот, каде се вели дека тспасен е тој кој ќе се чисти, ќе го спомне името на Господарот и ќе се клања.

– Овој благословен Рамазан, беше со нас во најтешките моменти кои ги донесе опасната болест Ковид-19 и коегзистираше со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи вредноста за верникот да биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето, пишува Фетаи.

Во ова прилика реисот Фетаи, наведува дека „се моли на Семоќниот Аллах со молитва да го прифати постот, обожувањето, молитвите, милостина на верцните и да ги усреќи срцата на сите луѓе ширум светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на и целиот човечки род".

Египет посредува за прекин на огнот во Појасот Газа

Египетски посредници работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, по речиси два дена ескалирање на насилството.

Според аналитичарите, Израел не е заинтересиран за прекин на борбите се додека не се постигнат одредени воени цели, пишува „Тајмс оф Израел".

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од понеделникот загинале 35 Палестинци, а 233 луѓе се повредени. Од друга страна, пак, Израел наведува дека голем број од убиените биле терористи.

Затворени ковид-центрите во неколку клиники

Затворени ковид-центрите во неколку клиники, во Институтот за физикална терапија и дел од капацитетите во болниците.

Поради намалениот број пациенти со Ковид-19 од изутрината се затворени ковид – центрите во неколку клиники во Скопје и дел од капацитетите за ковид пациенти во болниците во другите градови, соопшти Министерството за здравство.

Затворени се ковид – центрите на клиниките за кардиологија, за ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија.

Од почетокот на неделава без ковид – пациенти се и Клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почнаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, а од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија почнуваат со редовен хируршки програм, стои во соопштението.

притисни ентер